Брнабиќ: Во 2024 година најголемите промени од почетокот на човештвото

Брнабиќ-Руските-служби-имаа-информации-дека-се-подготвуваат-немири-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави во Дубаи, на крајот од дводневната посета, дека клучната порака на Светскиот самит  е дека владите мора да ги следат промените во областа на вештачката интелигенција и да се прилагодат, додавајќи дека оние земји кои го следат овие промени можат да го насочат и економскиот развој на земјата.


Брнабиќ пред новинарите изјави дека на самитот било истакнато дека 2024 година ќе биде година во која ќе се види најголемата промена од почетокот на човештвото, која, како што вели отвора огромни можности за владата за најдобар начин да обезбеди услуги за граѓаните, инвеститорите и економијата.

„Постојат огромни можности за дополнителен економски развој за оние земји кои го признаваат тоа. Втората работа што ја слушнавме за време на самитот е дека промените што ги донесе вештачката интелигенција дополнително ќе создадат раслојување меѓу различните земји во светот што досега не сме ги виделе и тоа не на оние побогатите и помалку богатите, т.е. побогатите и посиромашните, туку на земјите кои имаат влијание и контрола врз процесите во светот и оние кои воопшто немаат“, рече Брнабиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK