Борел по средбата со Курти: Моменталната ситуација е опасна и неодржлива

borel tvit
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сегашната состојба е опасна и неодржлива. Потребна ни е итна деескалација и решение преку дијалог, како и да се вратиме на работа на имплементација на постигнатиот договор, тоа го објави на Твитер високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Објавата беше дадена по состаник во Братислава со косовскиот премиер Албин Курти.


Мирни протести на насобрани граѓани се уште траат во Звечан, каде припадниците на КФОР се распоредени на оддалеченост од околу 30 метри од општината, како и пред станбена зграда во близина.

Припадниците на КФОР кои се во близина на општината се зад бодликава жица и метални огради, а граѓаните закачија српски знамиња на металната ограда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK