Болниците во Србија полни, главниот удар на тридемијата допрва се очекува, лекарите загрижени

Маските-повторно-задолжителни-на-некои-места-грип-и-други-вируси.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Чекалниците во здравствените домови во Србија се полни, бројот на пациенти е значително зголемен низ државата од почетокот на втората половина на годината, а бранот на пораст на пациенти кои имаат температура, кашлање, кивавица, чувствуваат болка во грло, се слаби и имаат симптоми слични на грип или Ковид се очекува во следните денови, пренесуваат медиумите во регионот.


Според написите, главното влијание на тридемијата допрва треба да се очекува, а педијатрите веќе работат со полна пареа.

Враќањето на најмладите во градинките и училишните клупи доведе, велат лекарите, до тоа дека сега се шират вирусни и бактериски инфекции побрзо, и не само кај децата, туку и кај сите други.

Александар Стојановиќ, директор на Здравствениот дом „Палилула“ вели дека јануари е нормално месец полн со вируси, а по разните прослави се зголемил бројот на заболени. Забележан е значително поголем број на пациенти од вообичаениот број а предводат подтиповите на грип.

„Во моментов најмногу пациенти имаат АХ1, АХ3, подтипови на грип, имаме голема кашлица, Ковид, и некои други вируси кои ги погодуваат децата. Престојот во простории каде што престојуваат деца може да доведе до епидемии. Родителите да внимаваат да не ги праќаат децата во градинки и училишта доколку се болни. Мора да внимаваат со кого се дружат, бидејќи смртноста за жал е висока“, предупредува Стојановиќ.

Имено, посочува дека стапката на смртност е двојно поголема во јануари и февруари.

„Мојата судска медицина евидентира такви податоци, а никогаш не знаеме зошто. Бројот на луѓе што умираат е катастрофален“, предупредува Стојановиќ за тамошните медиуми.

Тој додава дека е многу важно луѓето да не се лекуваат сами, туку да одат на лекар и да го однесат своето дете на педијатар.

„Треба да ја земете терапијата што ви ја препишал избраниот лекар и секоја промена, температура, и се останато да ја пријавите на лекар. Инаку, многумина што се самолекуваат на лекар одат само кога ќе им се влоши состојбата за да видат во што е проблемот. Оние кои не можат да дојдат на клиника нека се јават телефонски на избраниот лекар за консултација. Во секој случај, подобро да се јавите отколку сами да се лекувате“, нагласува Стојановиќ.

Забележува дека во овој период децата се особено погодени од вирусни и бактериски инфекции бидејќи училишниот распуст е завршен, покрај тоа, температурните флуктуации се огромни, времето студено – топло, а се заедно, придонесува до тоа, буквално сите да се болни.

„Сите се болни, сите кашлаат, имаат некои од вирусите. Ќе видиме што ќе се случи понатаму. Се надевам дека ќе биде подобро, иако не сум оптимист“, вели Стојановиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK