Вучиќ најави враќање на задолжителниот воен рок: Ми дадоа убедлив аргумент за тоа

Вучиќ-најави-враќање-на-задолжителниот-воен-рок-Ми-дадоа-убедлив.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека претставниците на Генералштабот и министерот за одбрана Милош Вучиќ изнеле убедлив аргумент за враќање на задолжителниот воен рок.

„Генералштабот и министерот за одбрана изнесоа убедлив аргумент дека треба да се врати задолжителната воена служба, но треба да се исполнат многу финансиски, логистички и други претпоставки. До 1 мај треба да ми ги достават сите предлози, потоа ќе седнам со воениот кабинет и со Генералштабот, со Владата на Србија и да видиме, ако има позитивна одлука, таа би отишла пред Собранието на Србија“, рече Вучиќ, цитиран од Танјуг.

Тој посочи дека треба да се забрза производството на новиот 30-милиметарски топ, бидејќи тоа би било важно за борбената станица за далечинско управување.

Далечински управуваната борбена станица е вооружена со митралез и е наменета за уништување на индивидуални и групни цели, лесно оклопни возила како и лесно утврдени објекти на ефективни растојанија до 1.200 метри.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK