Анкета: Нова демократија со рејтинг за 6,6 отсто повисок од СИРИЗА

anketa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Предност од 6,6 отсто има владејачката Нова демократија пред опозициската СИРИЗА на новото истражување на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „Rass“ за грчката телевизија „Action 24“, јави дописничката на МИА од Атина.







Нова демократија добива 30,8 проценти, СИРИЗА 24,2 отсто, ПАСОК е на третото место со 9,8 проценти, а потоа следат Комунистичката партија и МЕРА25, додека пак еден од десет анкетирани (9,9 отсто) сè уште нема одлучено за кого ќе гласа.

На прашањето кој е посоодветен за премиер, Кирјакос Мицотакис со 49,1 отсто е пред Алексис Ципрас кој добива речиси двојно помалку, односно 25 проценти.

Поделено е мислењето на граѓаните во однос на тоа каква постизборна позиција би требало да заземе ПАСОК, дали да влезе во коалиција со некоја од партиите или да изгласа доверба на коалициска Влада.

Истражувањето на јавното мислење било спроведено заклучно со 11 мај, еден ден по ТВ дебатата на лидерите на политичките партии со 1.001 анкетиран граѓанин со право на глас.

Парламентарните избори во Грција ќе се одржат в недела на 21 мај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK