Албанската алијанса ќе биде дел од новата влада во Црна Гора

vlada-crna-gora
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Коалицијата Албанска алијанса ќе биде дел од новата црногорска влада, предводена од Милојко Спајиќ, информира РТЦГ.

За државниот сервис, претставници од таа коалиција не сакале да зборуваат за деталите од договорот со мандатарот, нагласувајќи дека Спајиќ поединечно ќе ги соопшти деталите кои ресори ќе одат кај политичките субјекти.


Претставник на Албанската алијанса во Собранието на Црна Гора е Генци Ниманбегу.

Претходно, одлука да бидат дел од владата донесоа Бошњачката партија и Албанскиот форум.

Според РТЦГ, засега новата влада може да смета на поддршката на 44 парламентарци во парламентот со 81 пратеничко место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK