Ривал на Ердоган на претседателските избори ја обвини Русија за дезинформации

izbori
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Главниот ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори на 14 мај ја обвини Русија дека користи дезинформации како дел од кампањата.







Обвинувањата на Кемал Килиџдароглу дојдоа неколку часа откако еден кандидат се откажа од изборната трка откако беше цел на онлајн кампања со клеветење.

– Почитувани руски пријатели, вие стоите зад монтажите, заверите, фалсификатите и снимките кои беа откриени вчера, напиша Килиџдароглу на Твитер.

Тој додаде дека ако Русија сака пријателство со Турција по 15 мај, не треба „да ја пипа турската држава“.

– Ние секогаш сме за соработка и пријателство, напиша Килиџдароглу.

Според анкетите досега, секуларниот опозициски лидер има блага предност пред Ердоган на претседателските избори в недела, пренесе Бета.

Доколку ниту еден кандидат не освои повеќе од 50 отсто од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 28 мај.

Кандидатот Мухарем Инџе вчера се повлече од изборната трка. Тој ја објави својата одлука откако беше мета на онлајн кампања со клеветење, која вклучуваше негови фотомонтажи со жени и возење луксузни автомобили.

Анкетите покажаа дека мнозинството гласачи на Инџе в недела ќе гласаат за Килиџдароглу.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK