СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да одговорат зошто не лобирале за Резолуцијата во Бундестагот

Скопје, 17 јуни 2023 Усвојувањето на Резолуцијата на германскиот Бундестаг е силна поддршка за членството во ЕУ и признание за македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност. Македонската јавност очекува одговори од Мицкоски зошто не направил ништо, зошто не лобирал за оваа значајна Резолуција кај сестринските партии во Бундестагот? Резолуцијата беше поддржана од сестринските партии на СДСМ, германските социјалдемократи, како и …

Continue Reading

Здружението „Кочански рибар“ почна проект за промоција на спортскиот риболов меѓу младите

Спортско-риболовното здружение „Кочански рибар” денеска го почна проектот „Спортскиот риболов еликсир за младите“, чија цел е развивање на спортскиот дух кај младите, промоција на риболовот како спортска дисциплина и проширување на можностите за алтернативен туризам во општина Кочани. Проектот се реализира во соработка со Здружението на Роми „Авена“ од Кочани, а вклучени се 20 ученици од основното и средното образование. …

Continue Reading

Големи свлечишта, штети на патната инфраструктура по вчерашните поплави во Крива Паланка, село Трново е отсечено

По синоќешните поплави во Крива Паланка предизвикани од големото невреме и поројните врнежи од дожд, денеска на терен се распоредени сите екипи од општинските служби, од ЈП Комуналец, ЈП Македонија пат и останати за санирање на штетите, расчистување на наносите и утврдување на состојбите на терен. Доцна синоќа на итен состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување, на кој …

Continue Reading

Продолжуваат судирите во Картум

Воздушни и вооружени напади, како и експлозии денеска го тресат Картум, додека насилството во Дарфур во западен Судан го тера населението да бега, повеќе од два месеци по почетокот на војната во Судан. Судирите во Судан избувнаа на 15 април меѓу суданската армија и паравоените единици предводени од двајца ривалски генерали. Земјата е во хаос по избувнувањето на крвавата борба …

Continue Reading

АМСМ: Во прекин локални патишта во Крива Паланка, на граничниот премин Богородица за излез се чека околу 30 минути

Поради излевање на Крива Река, во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон селата Варовиште и Градец. Во кумановското село Пчиња има собрани дрвја и гранки под мостот на реката Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот, информира АМСМ. Претходно, како што соопштија, поради обилни врнежи дожд и …

Continue Reading

Невреме во Кавадарци

По невремето што го зафати Кавадарци, на терен на повеќе локации интервенираат служби од Мој Општинар, ТППЕ Кавадарци и ЈП Комуналец, информираат од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Оттаму појаснуваат дека обилниот дожд предизвика големи оштетувања на колекторот каде што се работи веќе некое време, кај мостот на Северен булевар. Се известуваат сите граѓани кои имаат било каков проблем …

Continue Reading

Сити дава 80-85 милиони евра за Гвардиол, Лајпциг бара 100 милиони плус бонуси

Манчестер сити е заинтересиран за потписот на дефанзивецот на Лајпциг, Јошко Гвардиола. Новинарот на „Sky Sport Deutschland“, Филип Хинзе, пишува дека Сити е блиску до вербален договор со Хрватот. Манчестер сити во наредните денови ќе подготви понуда од околу 80-85 милиони евра. Од друга страна, германскиот клуб бара 100 милиони евра и бонуси. Новинарот Флоријан Плетенберг додава дека Хрватот ќе …

Continue Reading

Шаќири до дипломците на УЈИЕ: Вие сте амбициозна генерација која ќе донесе големи придобивки за државата

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири им го честиташе дипломирањето на студентите од 19-тата генерација дипломци на Универзитетот на Југоисточна Европа, на церемонијата што денеска се одржа во Тетово. -Ви посакувам добро здравје и многу нови успеси во иднина. Знам дека Ве чекаат уште многу достигнувања на личен и професионален план, затоа што сте амбициозна генерација која патем, ќе …

Continue Reading

Москва ќе акредитира странски новинари во зависност од „однесувањето“ на западните медиуми

При доделувањето акредитација за медиумски работници од западните земји на големите форуми во Русија, официјална Москва ќе го земе предвид „однесувањето“ на нивните медиуми и односот кон руските новинари во странство, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Новинарите од земјите кои Русија ги нарекува „непријателски“ не добија акредитација за Меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петербург. На прашањето …

Continue Reading