„Вагнеровци“ се вратија во своите бази, но никаде го нема нивниот шеф – Пригожин

Никој во моментов не знае каде се наоѓа лидерот на побунетата платеничка војска „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој синоќа со посредство на белорускиот претседател Алексдандар Лукашенко го прекина походот на „Москва“, и се договори неговите војници да се вратат во своите теренски бази, а тој да се префрли во Белорусија, со добиени безбедносни гаранции. Откако доцна синоќа беше виден како го …

Continue Reading

Најмногу прекршоци во европските Топ 5 лиги направени врз Винисиус

Напаѓачот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Винисиус, е фудбалерот врз кои се направени најмногу прекршоци во изминатата сезоната во водечките европски лиги. Врз 22-годишниот бразилски репрезентативец биле направени 122 прекршоци, објави денеска порталот „squawka“. На второто место е играчот за врска на римски Лацио, Матија Закањи, врз кои изминатата сезона во Серија А биле направени 117 прекршоци. Следуваат крилниот …

Continue Reading

Генерал Ричард Денат за Скај Њуз : Пригожин сега е сериозна закана за Киев од Белорусија

Британскиот генерал Ричард Денат, поранешен началник на Генералштабот на британската армија, во интервју за Скај Њуз предупреди дека украинските лидери мора да внимаваат на можен напад врз Киев од Белорусија, на чело со Евгениј Пригожин. -Загрижува фактот што тој замина во Белорусија, изјави британскиот генерал. Доколку Пригожин „ја задржа ефективната борбена сила околу себе, тој тогаш повторно претставува закана за …

Continue Reading

На „Богородица“ се чека околу половина час, на „Дојран“ 20 минути

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин „Дојран“ околу 20 минути, соопшти Автомото сојузот на Македонија. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Continue Reading

Британецот Хјуз втор најбрз Европјанин на 100 метри

Британскиот атлетичар Зарнел Хјуз викендов на митингот во Њујорк ја истрча патеката од 100 метри за 9.83 секунди, што е најдобро време оваа сезона и воедно нов рекорд на Велика Британија. Со поволен ветер (1.3 м/секунда), Хјуз го подобри своето најдобро време (9.91 од 2018) и постави нов британски рекорд по пауза од 36 години кога Линфорд Кристи истрча 9.87 …

Continue Reading

Вучиќ: Курти не сака ЗСО, сака да не вовлече во војна по секоја цена

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, говорејќи за кризата на Косово, оцени дека на клучните актери на Запад им е јасно дека Курти е виновен и оти не се согласува со тоа дека е достигнат врвот на ескалацијата, и дека Курти не сака ЗСО, туку сака војна, јави дописникот на МИА од Белград. -Некои не ја разбираат реалноста, мислат дека е …

Continue Reading

Претреси во Тетово, пронајдена дрога, следуваат кривични пријави

Во домовите на две лица во Тетово, полицијата синоќа пронашла марихуана. Од МВР информираат дека вчеравечер, во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот А.Љ.(31). При претрес извршен врз основа на издадена судска наредба во неговиот дом била пронајдена и одземена марихуана. -Во 22.30 претрес со судска наредба бил извршен и во домот …

Continue Reading

Без вода корисниците од Камник и бензинските пумпи Мак Оил, Окта и Макпетрол

Без вода денеска ќе бидат корисниците од Камник и бензинските пумпи Мак Оил, Окта и Макпетрол во Скопје. Како што информираат од „Водовод и канализација“ – Скопје, причината е поради реконструкција на водоводна мрежа ф 150 мм на ул.808 бб. Корисниците ќе имаат прекинато водоснабдување до завршување со активностите.

Continue Reading

Одбележана годишнината од раѓањето на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски

Со полагање цвеќе и пригодна програма пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска беше одбележана 67 годишнината од неговото раѓање. Цвеќе положија претставници на Советот на Општината, членови на семејството Трајковски, граѓани, политички партии и здруженија. – И покрај краткиот животен пат на Борис Трајковски, тој пат беше исклучително богат со вистински содржини и …

Continue Reading