На граничниот премин Долно Блаце уапсено лице од Норвешка по потерница од Интерпол

На граничен премин „Долно Блаце“ вчера напладне од полициски службеници е лишен од слобода Б.M.(43) од Норвешка, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во службената евиденција е со мерка „апси”, издадена од Секторот за меѓународна полициска соработка – Интерпол. За случајот е известен Јавен обвинител, а лицето е предадено на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при …

Continue Reading

Парламентарни избори во Грција: Граѓаните очекуваат дека земјата конечно ќе добие Влада

Економијата, здравството, образованието и безбедноста на земјата се главните критериуми според кои Грците со кои разговараше дописничката на МИА од Атина, одлучиле за кого да го дадат нивниот глас на денешните парламентарни избори во Грција. Нешто помалку од десет милиони Грци денеска гласаат на парламентарните избори, кои пет часа по отворањето на гласачките места се одвиваат мирно и без никакви …

Continue Reading

Британското разузнавање: Украина постојано напредува во контраофанзивата

Британското Министерство за одбрана во својот редовен дневен брифинг за случувањата во војната во Украина денеска извести дека украинската армија „постепено, но тактички напредува“ во делови од земјата под контрола на Русија. „Украинските сили се позиционираа и продолжуваат со големите офанзивни операции на три главни оски во јужна и источна Украина“, јави министерството на Твитер. Тие го искористија искуството од …

Continue Reading

Променливо облачно, а од пладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

– Времето денеска ќе биде променливо облачно, а од пладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а …

Continue Reading

Обраќањето на Владимир Путин до граѓаните на Русија

Од обраќањето на Владимир Путин до граѓаните на Русија (24 јуни 2023 година): Русија денес води тешка борба за својата иднина, одбивајќи ја агресијата на неонацистите и нивните господари. Против нас е насочена буквално целата воена, економска и информативна машина на Западот. Се бориме за животот и безбедноста на нашиот народ, за нашиот суверенитет и независност. За правото да биде …

Continue Reading

Предизборен митинг на Нова демократија во Атина, поддржувачите очекуваат убедлива победа

Повторување на резултатот од изборите во мај, но и победа со уште поголема разлика во однос на СИРИЗА, очекуваат поддржувачите на Нова демократија со кои поразговара дописничката на МИА од Атина за време на синоќешниот централен партиски предизборен митинг на кој се обрати Кирјакос Мицотакис. Лидерот на партијата и веројатно следен премиер на Грција, на последниот ден од предизборната кампања …

Continue Reading

Ходорковски повика да му се помогне на Пригожин против режимот на Путин

Поранешниот руски олигарх и сегашен противник на Кремљ, Михаил Ходорковски, повика да му се помогне на шефот на приватната воена компанија „Вагнер“ ,Евгениј Пригожин. Чии борци објавија бунт против руската армија, пренесуваат француските медиуми. „Дури и на ѓаволот треба да му се помогне доколку реши да оди против овој режим. Овој бандит (Пригожин) сака да го вознемири другиот бандит (Путин). …

Continue Reading

Мираковски: Интернационализацијата на Универзитетите е иднината на образованието

Интернационализацијата на универзитетите е веројатно иднината на образованието. Колку побргу се воведат студиски програми на англиски јазик на сите факултети, толку побрзо ќе се реши и проблемот со одлив на средношколци, кои заминуваат во Словенија, Бугарија и во други држави, вели во интервју за МИА ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски. – Веројатно такви се трендовите на глобализација. Така …

Continue Reading

Со план за подобар квалитет на амбиентален воздух до поздрав живот во градот на грозјето, виното и ж’ тата

Бројот на хоспитализирани пациенти по разни основи е поголем во општината Кавадарци, споредено со националниот просек. Ова беше кажано пред извесен период од општинската собраниска говорница. Стравот околу квалитетот на амбиенталниот воздух во Кавадарци е долгогодишна тема во градот на грозјето, што не губи актуелност. Неодамна, Советот на Општината, едногласно изгласа план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух на …

Continue Reading