Израелскиот Парламент го усвои клучниот закон за спорните реформи во судскиот систем

Израелскиот Парламент го усвои клучниот дел од законодавниот пакет за реформи во судскиот систем, откако мнозинството пратеници во 120-члениот Кнесет го поддржа Законот за ограничување на овластувањата на Врховниот суд, јавија светските агенции. Нормативниот акт е донесен со 64 гласа „за“ и ниту еден против, соопшти претседателот на Собранието, откако пратениците од опозицијата во знак на протест ја напуштија пленарната …

Continue Reading

Мицкоски: Евентуалното одвојување на Северна Македонија и Албанија би било историска грешка

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во врска со можноста за одвојување на Северна Македонија и Албанија, доколку не се случат уставните измени, на што предупредуваат странски дипломати, оцени дека тоа би било уште една историска грешка и неправда. Лоренс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот  на министри на Република Франција во разговор за МИА посочи дека уставните измени се …

Continue Reading

Амандманска расправа за законот за данок на солидарност

Во собраниската Комисија за европски прашања во тек е амандманска расправа за Законот за данок на солидарност, во второ читање кој се носи по скратена постапка, а која треба да продолжи по дадената пауза. Поднесени на законот се три амандмани од овластени предлагачи. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски го образложи амандманот на член 3 став 1 и 2 поднесен од …

Continue Reading

Жители на Старо Нагоричане по вчерашното невреме пријавиле за штети на обработливи зејмоделски површини во општината

Жителите на повеќе села од општина Старо Нагоричане (Пелинце, Алгуња, Сув Ора, Челопек, Коинце, Бајловце, Канарево, Стрновац, Облавце и други) пријавиле штети настанти од вчерашниот град која ја зафати општината во попладневните часови. Како што информираше заменик-градоначалникот на општината, Бобан Цветановски, најмногу штета има на житните култури, лозови насади и други култури. Дел од оштетените земјоделци веќе побарале помош од …

Continue Reading

Африканска свинска чума во Србија регистрирана во 918 фарми, убиени 11.840 свињи

Во Србија до денеска се потврдени 1.363 случаи на африканска свинска чума кај домашни свињи во 918 фарми во 30 општини, од кои 662 угинале, се наведува на порталот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, јави дописникот на МИА од Белград. Еутанизирани се 11.840 свињи од различни категории, заедно со дезинфекција на домаќинствата. За угинатите и убиените свињи предвиден …

Continue Reading

Шпанија пред политичка криза

Заедно за Каталонија (JxCAT), партијата на поранешниот каталонски премиер Карлос Пуџдемон, е клучна за формирање влада во Шпанија, откако ниту левиот ниту десниот блок не добија доволно гласови за да управуваат со земјата на вчерашните парламентарни избори. Левиот блок партии освои 172, а десниот 170 пратеници во 350-члениот парламент. За формирање влада потребни се 176 претставници. Партијата Заедно за Каталонија, …

Continue Reading

СДСМ го осудува вандалскиот чин врз возилото на портпаролката на ДПМНЕ, Митева

Скопје, 24 јули 2023  СДСМ го осудува вандалски чин на демолирање на автомобилот на портпаролката на ДПМНЕ, Марија Митева. Секој чин на вандализам, насилство или уништување приватна сопственост е неприфатлив и недозволив, спротивен на вредностите на нашето македонско демократско општество. Очекуваме и ги повикуваме сите надлежни институции да го расчистат случајот, сторителите да бидат откриени и да понесат одговорност согласно …

Continue Reading

Полицијата при алкотестирање кај кумановец измери 4,86 промили

Кумановец возел под дејство на алкохол и по извршеното алкотестирање, полицијата му измерила, 4.86 промили соопшти денеска СВР Куманово. Тој е само еден од вкупно 39 санкционирани возачи кои управувале возило под дејство на алкохол откриени и санкционирано во акциската контрола на подрачјето на секторот за внатрешни работи Куманово што беше спроведена викендов. На подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно …

Continue Reading

Општина Зрновци го ограничи сообраќајот во центарот на населбата

Општина Зрновци постави нова сообраќајна сигнализација со која го ограничи движењето на моторните воизла во центарот на населбата за да ја зголеми безбедноста на пешаците. На петте најкритични места на улицата „Генерал Апостолски” во Зрновци поставени се сферни сообраќајни огледала, регулатори на брзина на движење, како и знаци за ограничување на движењето во согласност со новиот режим на сообраќај. -Иако …

Continue Reading