Изгоре помошен објект во пожар во пехчевското село Црник

Во пожар изгоре помошен објект во село Црник. Пожарот избувнал денеска напладне, а во неговото гаснење учествувале пожарникари од Пехчево и Берово. -Пожарот во село Црник е пријавен околу 12 часот. Во него изгоре плевна, а причинета е материјална штета со изгорено сено и алат, информираа од Доброволното противпожарно друштво од Пехчево. Во интервенцијата имале помош од колеги од Територијалната …

Continue Reading

Промовиран проектот „Клуч за сопствен бизнис“

 Фондацијата за локален развој и демократија ФОКУС денеска го промовира  проектот „Клуч за сопствен бизнис“  во чии рамки ќе се едуцираат 48 ученици, 26 женски и 22 машки во областа на декоративен дизајн и моден дизајн, а по завршување на обуката ќе можат самите да се вработат, информра Убавка Јаневска координатор на проектот од ФОКУС. -Главна цел на проектот е …

Continue Reading

Почина најпознатата спикерка и радио-водителка во Охрид, Леонора Чекреџи

Во Охрид денеска на 85 години почина Леонора Чекреџи, легендарната спикерка и водителка на Радио Охрид. Чекреџи својата професионална дејност ја започна во далечната 1964 година токму во Радио Охрид, каде работеше како спикер и водител се до неговото згаснување. Беше исклучителен професионалец во својата дејност, борец за правилната употреба македонскиот јазик, особено во медиумите. Погребот ќе се одржи утре …

Continue Reading

Христодулидис: Република Кипар ќе ги пошуми областите погодени од пожарите на Родос

Република Кипар ќе ги покрие трошоците за пошумување на областите погодени од пожарите на Родос, соопшти денеска кипарскиот претседател Никос Христодулидис по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Христодулидис објасни дека конкретната иницијатива ја покренува земјата поради посебните врски со Родос, но и „поради големиот интерес и од кипарските граѓани и од кипарските бизниси …

Continue Reading

Скопје домаќин на Европскиот олимписки младински фестивал во 2025

Скопје во 2025 година ќе биде домаќин на Европскиот олимписки младински фестивал, соопшти Македонскиот олимписки комитет (МОК). Како што соопштуваат, договорот за организација на големиот спортски настан го потпишаа претседателот и генералниот секретар на МОК, Даниел Димевски и Сашо Поповски, од една, и претседателот на Европскиот олимписки комитет Спирос Капралос во Марибор, градот кој беше домаќин на годинешното издание. Договорот …

Continue Reading

Локалните избори во Бугарија ќе се одржат во крајот на октомври

Претседателот на Бугарија,  Румен Радев денеска потпиша указ за закажување на изборите за општински советници и градоначалници за 29 октомври 2023 година. Радев го одреди датумот по работната средба со претставници на раководството на Централната изборна комисија (ЦИК). Разговорот беше фопкусиран на спецификите на гласањето и за претстојната работа околу организацијата на изборниот процес. ЦИК го информираше претседателот за техничките …

Continue Reading

На протест пред Парламентот во Стокхолм повторно запалена копија од Куранот

Двајца мажи денеска запалија копија од Куранот за време на протестот пред зградата на Парламентот во Стокхолм. Тоа се случува во време кога односите меѓу Шведска и неколку земји од Блискиот Исток се влошија поради неколку случаи на сквернавење на муслиманската света книга. Салван Момика и Салван Најем прво газеа копија од книгата, а потоа ја запалија, како што направија …

Continue Reading

Две втори и две трети места за струшките веслачи на „Суботица опен 2023“

Две втори и две трети места освоија струшките веслачи во кокуренција од над сто натпреварувачи на меѓународната веслачка регата „Суботица опен 2023“, која се одржа на Паличко езеро. Веслачкиот клуб „Црн Дрим“ информира дека младите веслачи од клубот Ана Прентоска и Александар Хиохи го освоиле второто место во дисциплината скиф пионерки, додека Климентина Стојмилоска освоила трето место во дисциплината скиф …

Continue Reading

Спасовски на средба со турски градоначалници и здруженија на македонски иселеници

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со градоначалниците на турскиот град Тургутлу, Четин Акин, на општината Каршијака, Џемил Тугај, на општина Чашка, Горан Стојановски, како и со претставници од здруженија на македонски иселеници. Како што се појаснува во соопштението на МВР, тема на средбата биле граѓаните со потекло од нашата држава, кои повеќе децении живеат во …

Continue Reading