СП ракомет У-19: Пораз од Норвешка за македонската репрезентација

20230802190827_big_730x400_62
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската кадетска репрезентација загуби од соодветната селекција на Норвешка со 27:25 во 1. коло на Светското ракометно првенство во Хрватска.







На денешниот натпревар во Риека, избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ одиграа добро прво полувреме и на пауза заминаа само со два гола негатива (11:9). Во вториот дел Норвежаните имаа и пет голови предност, но на само 90 секунди пред крајот Македонците намалија на (25:24). До крајот Норежаните постигнаа два, нашите еден гол за конечни 27:25.     Другите две селекции во Ф-групата се Црна Гора и Грузија. Нивниот меѓусебен натпревар почнува во 19:30 часот.

Во Главната фаза од натпреварувањето продолжуваат најдобрите две репрезентации од групата. Во Президент Куп од натпреварувањето продолжуваат трето и четвртото пласираната репрезентација.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK