Сторителот на најсмртоносниот напад врз Евреи во историјата на САД е осуден на смрт

20230802194633_big_730x400_36
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Извршителот на вооружениот напад во синагога во Питсбург во 2018 година, најсмртоносниот напад врз Евреи во историјата на САД, денеска е осуден на смрт, пренесоа американските медиуми.







Дванаесет членови на поротата едногласно гласаа за смртна казна за Роберт Бауерс, пренесува Њујорк Тајмс.  Тој беше прогласен за виновен за 11 убиства на 27 октомври 2018 година во синагога во Питсбург, отежнати со квалификација за антисемитски чин.

Бауерс, тогаш 46-годишен, извикуваше „сите Евреи мора да умрат“ додека пукаше кон верниците собрани во синагогата „Дрво на животот“, соопштија обвинителите.  Масакрот во таа синагога е најсмртоносниот напад врз американски Евреи во историјата.  Синагогата се наоѓа во историското еврејско соседство во Питсбург, дом на една од најстарите и најголемите еврејски заедници во САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK