Кулеба: Никогаш нема да ги видиме Зеленски и Путин седнати на иста маса

Преговорите со Москва се можни само доколку Русија ги повлече своите војници од Украина, но тие нема да се одржат со учество на Путин, изјави шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“, цитиран од Укринформ. -Путин не е партнер за преговорите, изјави Кулеба. Коментирајќи го изразеното очекување на Путин дека Доналд Трамп ќе …

Continue Reading

Откривање скулптура и „Прелудиум“ како вовед во 35. Поетска ноќ во Велестово

Како вовед во 35. Поетска ноќ во Велестово, на 12 август сретсело, свечено ќе биде откриена скулптурата „Раката на поетот“ од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке. Скулптурата е донација од уметникот за фестивалот, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид. Истиот ден, со почеток од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ …

Continue Reading

Во Бугарија се зголемуваат платите на учителите за 15 проценти

Платите на учителите се зголемуваат за 15 отсто. Ова е направено со анекс на колективниот договор за работа за предучилишниот и училишниот образовен систем кој денеска го потпишаа министерот за образование и наука проф. Галин Цоков и социјалните партнери. Зголемувањето стапува во сила ретроактивно од 1 јануари 2023 година, соопшти прес-центарот на Министерството за образование и наука (МОН). „Владата на …

Continue Reading

Врховен суд: Потребен е поунифициран и посистемататичен пристап при постапувањето и одлучување за кривичните дела од областа на сообраќајот, како и измени на Кривичниот законик

 Потребен е поунифициран и посистемататичен пристап при постапувањето и одлучување за кривичните дела од областа на сообраќајот, како и соодветни измени на Кривичниот законик, е ставот на Врховниот суд донесен врз основа на заклучоците од Одделот за казниви дела и Одделот за судска практика на барање на претседателот на Врховниот суд во согласност со Законот за судовите и Деловникот за …

Continue Reading

Без вода Министерство за транспорт и врски, Факултетот за музичка уметност, Опера и балет и Филхармонија

Поради дефект на фонтана на ул. „Црвена скопска општина“ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат околните објекти, вклучително Министерство за транспорт и врски, Факултетот за музичка уметност, Опера и балет и Филхармонија, соопшти ЈП Водоцод и канализација Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 15:45 часот до санација на дефектот.

Continue Reading

Харадинај ја обвини Владата на Курти за зачестените убиства во Косово

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) и поранешен косовски премиер, Рамуш Харадинај ја обвини актуелната Влада, предводена од Албин Курти, за последните убиства во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Харадинај, јавната безбедност во државата е тешко загрозена поради недостигот на визија на Владата и на Министерството за внатрешни работи. „Погрешниот пристап на Владата и …

Continue Reading

Коњите во ЗОО Скопје биле отруени

Сортните коњи во ЗОО Скопје се отруени со брзоделувачки отров, извести Зоолошка градина Скопје на официјалниот Фејсбук профил. Во статусот пишува дека официјалните резултати од обдукциските наоди покажуваат дека коњите се отруени со брзоделувачки отров. Резултатите од обдукцијата се доставени во МВР и во Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување. Поднесена е и кривична пријава, а по сторителот …

Continue Reading

Приведени двајца крадци во Неготино

Полициски службеници од ОВР Неготино денеска ги привеле К.Р.(21) и Д.Ѓ.(19), двајцата од Неготино поради кражба. Како што информираат од Министерство за внатрешни работи, тие се сомничат дека на 07.08.2023 на улица „Цандо Кожинков“ во Неготино ѝ одзеле чанта на Л.Н (61) од Неготино. Во службен разговор во полициска станица тие го признале делото. По целосно документирање на случајот, против …

Continue Reading

Општина Зрновци ја прошири програмата за уредување на градежното земјиште со парцела за дом за стари лица

Општина Зрновци ја прошири годишната програма за уредување на градежното земјиште, со што покрај веќе постојните дваесетина, ќе овозможи продажба на уште две парцели за изградба на објекти за индивидуално и колективно домување. Согласност за проширувањето даде Советот на Општината на 28. седница, при што беше нагласено дека се работи за парцели со поголема површина, односно едната од над 2.200 …

Continue Reading