Османи: Реалниот рок за уставните измени е крајот на мандатот на овој Парламент

Министерот за надворешни работи Бујар Османи е оптимист дека уставните измени ќе бидат донесени и дека првичната цел на Владата и била до ноември, но дека реалниот рок е последниот ден од мандатот на овој Парламент. -Јас сум оптимист дека ќе биде. Се разбира првична цел ни е до ноември бидејќи тогаш има еден административен календар заради скринингот, меѓутоа реалниот …

Continue Reading

Кулеба од Блинкен побара САД да испратат во Украина ракети со долг досег АТАКМС

Шефот на украинската дипломатија,  Дмитро Кулеба, денеска за време на телефонскиот разговор со својот американски колега, државниот секретар Ентони Блинкен, соопшти дека од САД побарал во Украина да бидат испорачани ракетите со долг досег АТАКМС. „Секретарот Блинкен и јас разговаравме за натамошните чекори за проширување на глобалната поддршка на Формулата за мир и решенијата за проширување на извозот на жито“, …

Continue Reading

Во Прилеп почна одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на прилепските армиски резервисти кај „Карпалак“

Со поклон пред спомен обележјето во кругот на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп почна одбележувањето на 22-годишнината од загинувањето на 10-те прилепски воени резервисти. Загинаа на 8 август 2001 година при заседата на армискиот конвој на патот Скопје-Тетово кај месноста „Карпалак“. Делегации на АРМ, од Владата, од Општината, на семејствата на загинатите, од здруженија на бранителите се поклонија и им …

Continue Reading

Жителите на Картум бегаат по жестоките борби меѓу завојуваните страни

Воздушни и артилериски напади го потресоа денеска суданскиот главен град Картум, каде армијата и паравоените сили кои се борат за превласт наредија евакуација на една населба. Според жители на Картум, кои телефонски разговарале за западните медиуми од градот Вад Мадани, 200 километри јужно од главниот град, во густо населените области на престолнината се разменува тежок артилериски оган. Во Умдурман, предградие …

Continue Reading

ПМФЛ: Работнички ја отвори сезоната со триумф над Шкупи

 Фудбалерите на Работнички го совладаа вечерва Шкупи со 3-1 (1-0) во градската пресметка со која се комплетираше воведното коло од новата сезона во Првата македонска ФУДБАЛСКА лига (ПМФЛ). Стрелци во триумфот на Работнички беа Мазари (1 минута), Мурати (82 од пенал) и Стојановски (90+6),додека почесниот гол за Шкупи го постигна Илиески (62). Претходно во неделата, бранителот на титулата Струга, како …

Continue Reading

Челзи подготвува нова понуда за Каиседо

Англискиот прволигаш Челзи оваа недела ќе испрати нова понуда за услугите на фудбалерот на Брајтон, Мозес Каиседо, а лондонскиот премиерлигаш ја разгледува можноста да го донесе во своите редови и играчот за врска на Саутемптон, Ромео Лавија. Првичната понуда на Челзи за Каиседо изнесуваше 80 милиони фунти што беше одбиено, а Брајтон својот играч го процени на 100 милиони фунти. …

Continue Reading

ИСВ: Ударите врз мостовите на Крим создаваат услови за контраофанзива на украинските сили

Ракетните удари по мостовите што го поврзуваат од Русија анексираниот Крим со копнениот дел на Украина е дел од кампањата на украинската армија со цел создавање услови за идни контранапади, сметаат експерти од американскиот Институт за проучување на војната (ИСВ). Ударите беа нанесени вчера, автомобилските мостови Чонхарски и Хенически се клучни за снабдување на руската војска. Руските сили сега од …

Continue Reading

На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу еден час

На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските …

Continue Reading

Топ чанел: Висока фреквенција на преминот Ќафасан, во одделни делови од денот се чека по еден час од македонска страна

Месецот август бележи висока фреквенција на граничниот премин „Ќафасан” со Македонија, каде од почетокот на месецов функционира заедничко управување на граничните и царинските контроли со едно застанување,  јави Топ чанел. Во последните 24 часа преку овој премин на албанска територија за влез се регистрирани  2890, додека на излез 2057 патници. – Главно станува збор за иселеници  или странски државјани, кои …

Continue Reading