Учениците во Србија почнуваат со настава, „Рибникар“ уште без настава

Сите ученици во Србија од денеска се враќаат на редовна настава, освен во ОУ „Владислав Рибникар“ каде беше извршено масовно убиство. Владините мерки стапуваат на сила, а од утрово распоредени се полицајци во сите 1.800 училишта во земјава кои ќе бидат присутни на сите јавни места каде што се собираат голем број граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. На …

Continue Reading

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ќе настапи на сцената Artturbina на Народниот театар во Тирана каде за тамошната публика ќе биде изведена претставата „Артуро Уи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани. Од НУ Народен театар-Битола информираат дека после повеќе од 30 години, тоа ќе биде прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија, овој …

Continue Reading

Италијанскиот се изучува како втор странски јазик во 19 основни и осум средни училишта

„Италијанскиот јазик – еден јазик, многу можности“ е насловена конференцијата што денеска се одржува во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, прва национална конференција во државава посветена на италијански јазик во рамки на одбележувањето 30 години дипломатски односи со Италија. Конференцијата е организирана од Амбасадата на Италија и на иницијатива на актуелниот амбасадор во државава, Андреа Силвестри, кој истакна …

Continue Reading

Тринаесетто издание на Филозофскиот филмски фестивал од 2-9 јуни во Кинотека

одинешната максима, „Сè e филм, во множина“, на ниво на синтакса, повторува една Годарова постапка: брзиот и неочекуван монтажен засек. Затоа и запирката, која не е чест гостин во слогани, тука ни се чини и сосема посакуванa. Филозофскиот филмски фестивал кој ја негува и промовира мисловната, филозофско-eстетичка димензија на седмата уметност, годинава по 13. пат ќе се одржи од 2-9 …

Continue Reading

Трамп ја одби неговата последна шанса да сведочи во случајот за силување

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја одби неговата последна шанса да сведочи на граѓанско судење во кое колумнистка го обвинува дека ја силувал во соблекувалната во стоковна куќа во 1996 година. На Трамп, републиканскиот кандидат за претседател во 2024 година, американскиот окружен судија Луис Каплан му даде рок до недела во 17 часот по локално време да поднесе барање за …

Continue Reading

Работилница во Битола „Како до успешен музички букинг“

Во Битола се одржа работилница за музички менаџмент „Како до успешен музички букинг“ наменета за независната музичка сцена во овој град. На работилницата учествуваа претставници од десетина локални бендови кои беа запознати со активностите и целите на проектот и веб страницата наменета за промовирање на независната музичка сцена. -Работилницата ја одржа професионалниот музичар, професор и промотор, директор на џез фестивал …

Continue Reading

Спасовски: Преку активна соработка и заеднички стратегии против современите глобални предизвици

Борбата против целокупните современи глобални предизвици е зајакната, поуспешна и поефикасна токму преку неопходниот глобален и регионален пристап, активната оперативна соработка и заедничките стратегии во делувањето. Впрочем, тоа го покажаа и најновите геополитички случувања, кои бараат сериозен заеднички одговор на предизвиците кои не тангираат сите нас, без исклучок. Тоа го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на …

Continue Reading

Санкционирани 396 возачи за брзо возење

МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во спроведена засилена акциска контрола на територијата на државата биле санкционирани 396 возачи за брзо возење. – Од нив четири возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 182 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 214 надвор од населено место, соопштуваат од МВР. Сообраќајните …

Continue Reading

Во Охрид 50. Европска регионална конференција на Интерпол

Во Охрид од денеска до среда се одржува 50. Европска регионална конференција на Интерпол. На конференцијата најавено е присуство на министри за внатрешни работи и шефови на полиции од Европа, високи претставници на Интерпол и експерти од областа на безбедноста. На официјалното отворање ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претседателот на ИНТЕРПОЛ генерал мајор Ахмед Насер …

Continue Reading