Во Шведска покренато обвинение против едно лице поради објавување доверливи информации за одбраната

Обвинителот на Шведска, Ларс Хендвал денеска изјави дека е обвинет 50-годишен маж поради незаконско распространување на класифицирани информации за голем број одбранбени објекти во земјата. Ова е грубо прекршување, бидејќи информациите се однесуваат на прашања од големо значење за одбраната на земјата. Секое откривање информации на странска сила може сериозно да ја оштети одбраната на скандинавската земја и да ја …

Continue Reading

Хуманитарна трка во Куманово за девојчињата Ана и Теодосија

Кумановци ќе трчаат за да им помогнат на двете девојчиња со сериозна здравствена состојба Теодосија и Ана, одлучи советот на општината. Претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска информираше дека хуманитарна трка ќе се одржи на 27 мај (сабота) годинава со почеток во 10 часот на булеварот „Октомвриска револуција“. -Кумановци се познати по хуманост, солидарност, беа доставени телефонски броеви, донираше и општината. …

Continue Reading

Вработена во Центар за социјални работи Неготино со реакција по закани од корисник на гарантирана минимална помош

Вработена во Центар за социјални работи Неготино, денеска јавно реагира, по заканите што завчера ги добиле од корисник на гарантирана минимална помош. Во изјава за МИА, таа информираше дека завчера во просториите на ЈУМ ЦСР Неготино, демонстративно влегол корисник на гарантирана минимална помош, без никаква претходна покана, ниту пак потреба. – Тој под дејство на алкохол почна да вика на …

Continue Reading

Ковачевски: Во доментот на шпекулации е депонирањето на мојата оставка

Премиерот Димитар Ковачевски ги отфрли како шпекулација информациите дека депонирал оставка. -Не постои такво нешто и можете да отидете и да проверите во архивата. Такво нешто не постои како документ. Најверојатно тоа е некоја шпекулација, изјави денеска Ковачевски, одговарајќи на прашања по поставувањето на камен-темелник на новата фабрика на канадската компанија „Магна“ во Штип. Прашан дека оставката била напишана рачно …

Continue Reading

Канадска „Магна“ отвара втора фабрика во земјава, нови 600 работни места

Нови 600 работни места ќе бидат отворени за околу една година со новата инвестиција на канадската компанија „Магна“, која по отворањето на фабриката во Струга, денеска официјално го означи почетокот на својата втора инвестиција во Штип. Според премиерот Димитар Ковачевски, денешниот настан е доказ дека во земјава има поволна бизнис клима за привлекување на странски инвестиции и за развој на …

Continue Reading

Шаќири на конференција за безбедност и здравје при работа во дејностите образование и наука

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска учествуваше на завршната конференција на проектот „Безбедност и здравје при работа во дејностите образование и наука“, кој го спроведоа СОНК и Македонското здружение за заштита при работа. Како што соопшти МОН, Шаќири во обраќањето рече дека нема безбедна образовна установа ако наставниците и учениците не се чувствуваат сигурно во неа и не …

Continue Reading

Институт за демократија: Освен внесувањето на Бугарите во Уставот, има и други услови од Софија за комплетирање на меѓувладината конференција

Внесувањето на Бугарите во Уставот на Северна Македонија не е единствениот критериум којшто е потребен за отворање на втората меѓувладина конференција, односно првиот преговарачки Кластер. Со потпишувањето на Вториот протокол земјава се обврзува да исполни и низа други задолженија. Некои од нив се јасно дефинирани и за нив не е потребна некоја дополнителна елаборација, додека други покренуваат дилеми и треба …

Continue Reading

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине“ ќе промовира четири нови современи бајки од млади автори и илустратори

со особена чест и задоволство Ве поканува на промоцијата на четири нови современи бајки од млади автори и илустратори. Со овој настан „Браво сине“ ќе одбележи десет години од своето постоење. Промоцијата на современите бајки ќе се одржи, утре, 12 мај 2023 (петок) во книжарницата „Литература“ на издавачката куќа „Арс Ламина“ во Ист гејт мол, со почеток во 12.00 часот. …

Continue Reading

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко и едно правно лице за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднела кривична пријава против едно физичко и едно правно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување од член 279 ст.2 и ст.3 од Кривичниот законик. Првопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на вторoпријавениот правен субјект Расим Транс ДООЕЛ Гостивар, како што соопштија денеска …

Continue Reading