Шаќири на конференција за безбедност и здравје при работа во дејностите образование и наука

shakiri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска учествуваше на завршната конференција на проектот „Безбедност и здравје при работа во дејностите образование и наука“, кој го спроведоа СОНК и Македонското здружение за заштита при работа.







Како што соопшти МОН, Шаќири во обраќањето рече дека нема безбедна образовна установа ако наставниците и учениците не се чувствуваат сигурно во неа и не можеме да градиме здрава млада популација ако не го чуваме здравјето на најповиканите, на наставниците, кои несебично го пренесуваат знаењето кај учениците и студентите.

-Како партнер во социјалниот дијалог со СОНК, Министерството за образование и наука, покрај унапредување на животниот стандард на наставниците и вработените во воспитно-образовните установи, посветува огромно внимание и кон подобрување на условите за работа, а со самото тоа и безбедноста и здравјето на сите лица инволвирани во образовниот систем, истакна Шаќири.

Изминативе неколку години, рече министерот, МОН вложува во обезбедување здрава и сигурна образовна средина, се реновираат и реконструираат училишта, се градат нови објекти, вложува во нагледни средства, опремува лаборатории.

Mинистерството за образование и наука, нагласи Шаќири, никогаш нема да дозволи во училиштата или факултетските лаборатории да се користат средства и материјали кои можат да влијаат врз здравјето и безбедноста и учениците, но и на самиот наставник.

-Верувам дека резултатите од овој проект, ќе ни дадат јасна слика за тоа како се грижи државата за безбедноста и здравјето во образованието и науката, но ќе ни даде и патоказ кон подобрување и унапредување на сигурноста во образовниот процес. МОН бил и ќе биде сигурен партнер на СОНК при донесување важни решенија за подобрување на статусот на наставникот, изјави Шаќири.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK