Дваесет и трето издание на Недела на италијанскиот филм во Кинотека

Дваесет и третото издание на Недела на италијанскиот филм, посветено на темата „Бајки“, почнува денеска, а ќе трае до 21 мај. Фестивалот, организиран од Амбасадата на Италија во соработка со италијанскиот Институт за култура во Белград и Кинотеката на Република Северна Македонија, ќе биде отворен со проекцијата на филмот „Пинокио“ (2019) на режисерот Матео Гароне. Филмот е адаптација на познатиот …

Continue Reading

Продолжува комисиската расправа за законските измени за изградбата на коридорите

Собраниската Комисија за европски прашања денеска ќе ја продолжи расправата за предложените измени на законите поврзани со изградбата на коридорите, означени со европско знаменце, кои треба да се донесат по скратена постапка. Членовите на комисијата во петокот ги одбија амандманите од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Предлог-законот за измени на Законот за работни односи, кој е прв од петте закони во кои …

Continue Reading

Од верските календари

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 мај. Свети цар Борис – Михаил Покрстител Рoдeн и вoспитан какo нeзнабoжeц, Бoрис сe крстил пoд влијаниe на свoјoт стрикo Бoјан и свoјата сeстра. На крштeниeтo гo дoбил имeтo Михаил. Патријархoт Фoтиј му испратил свeштeници, кoи пoстeпeнo гo пoкрстилe цeлиoт бугарски нарoд. Мнoгу гoлeмци вo Бугарија сe прoтивeлe на нoвата вeра, …

Continue Reading

Состојба на патиштата

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ …

Continue Reading

Променливо облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и потопло со повремени врнежи од дожд, попладне со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд …

Continue Reading

Во Колумбија е запленета најголемата нарко-подморница во светот

Колумбиската морнарица соопшти дека ја запленила најголемата нарко-подморница во историјата на Колумбија, долга 30 метри и широка три метри, а во неа имало три тони кокаин, јавија колумбиските медиуми. Подморницата била запрена во вторникот, на пат кон Централна Америка. Тоа е досега најголемата откриена нарко-подморница, бидејќи тие почнаа да се користат за таа намена во 1993 година, во тоа време …

Continue Reading

Соборот на СПЦ треба да расправа за интегрирањето на ПОА во МПЦ-ОА

Светиот архијерејски Собор на Српската православна црква, што почна вчера со богослужба во белградскиот храм Свети Сава, денеска треба да го одржи работниот дел на кој се очекува да се разговара и за македонското прашање односно за приклучувањето на ПОА во МПЦ-ОА. Заседанието на највисокото архиерејско, црковно-законодавно и црковно-судско тело на СПЦ под водство на патријархот Порфириј во криптата на …

Continue Reading

Промоција на публикацијата „Солидарност – од надминување кризи до одржлив развој“

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на промоција на публикацијата насловена „Солидарност – од надминување кризи до одржлив развој“, подготвена од канцеларијата на Програмата за развој на Обединети нации (УНДП) во Скопје, преку Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС). Публикацијата, што ќе биде промовирана во кабинетот на шефот на државата, содржи тринаесет авторски трудови на тема солидарност, и е …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е понеделник, 15 мај 2023 година, 135-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 230 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 14 минути, а ќе зајде во 19 часот и 47 минути. Денов трае 14 часа и 33 минути. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во 3 часот и 12 минути, …

Continue Reading