Ангеловска-Бежоска во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Mожностите за продлабочување на соработката помеѓу Народната банка и Универзитетот „Гоце Делчев“ ‒ Штип во делот на истражувачката работа и макроекономското моделирање беа разгледани во рамките на денешната посета на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на Универзитетот, каде оствари средба со ректорот проф. д-р Дејан Мираковски и со проф. д-р Дарко Лазаров. Во рамките на редовната практика за споделување на макроекономските податоци …

Continue Reading

Пендаровски – Де Кро: Белгија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија и политиката на проширување на ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брисел, во рамки на работната посета на Белгија, имаше средба со премиерот на Кралството Белгија, Александер Де Кро. На средбата беа констатирани пријателството и партнерството меѓу двете држави, а во фокусот на разговорите беа билатералните односи, македонската евроинтеграција, економската соработка, како и политичките и економски текови во Европа, соопшти кабинетот на шефот на државата. Претседателот …

Continue Reading

УЕФА одреди полски судија за финалето во Лигата на шампиони

Полјакот Шимон Марчинијак ќе го суди финалето во Лигата на шампиони во кое на 10 јуни во Истанбул ќе играат Интер и Манчестер сити, објави УЕФА. За 42-годишниот полски арбитер ова ќе биде ново големо признание, откако во декември лани го судеше и финалето на Светското првенство во Катар меѓу Аргентина и Франција. УЕФА воедно ги одреди и судиите за …

Continue Reading

Ципрас не го прими мандатот, рече дека презема одговорност за изборниот резултат и им се извини на поддржувачите

Ја исполнив мојата инситуционална должност да дојдам и да Ви кажам дека нема да го примам мандатот, бидејќи не произглегува можност за формирање Влада, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас на средбта со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина. Откако претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис вчера го врати мандатот, согласно формалната уставна процедура, денеска Сакеларопулу …

Continue Reading

Седницата на Собранието на Србија на која се разгледува извештајот за безбедносната состојба по масовните убиства

Собранието на Србија денеска, трет ден ќе ја продолжи расправата за безбедносната состојба во државата по двете масовни убиства во училиштето „Владислав Рибникар“ и две села во Младеновац и извештајот поднесен од Владата, јави дописникот на МИА од Белград. На дневен ред е и извештајот на Регулаторното тело за електронски медиуми за надзор на комерцијалните телевизиски програми за периодот октомври …

Continue Reading

„Тик-ток“ ја тужи американската сојузна држава Монтана

Апликацијата „Тик-ток“ поднесе тужба против американската сојузна држава Монтана, каде што ќе стапи во сила забрана на платформата. Во новото обвинение се вели дека тој Закон за забрана на „Тик-ток“ и неговата работа во државата е неуставно кршење на правата на слободата на говорот и се заснова на „неосновани шпекулации“ дека кинеската влада има пристап до податоците на корисниците. Оваа …

Continue Reading

Распишан конкурсот за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман на годината

Издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, го распишa петтиот конкурс за книжевната награда „Пегаз“, што се доделува за најдобар необјавен роман на годината. Конкурсот ќе биде отворен до 30 септември 2023 година, а победникот ќе биде прогласен најдоцна до крајот на 2023 година. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат …

Continue Reading

Дојави за бомби во училиштата во неколку градови во Србија

Училиштата во повеќе градови во Србија утринава добија дојави за бомби, а за некои од нив веќе е утврдено дека се лажни, јави дописникот на МИА од Белград. Утринава дојави за бомби добија седум училиштата во Нови Сад, две основни училишта во Горњи Милановац, како и во училиштата во Прањани и Таково. Во полициската управа во Чачак било пријавено дека …

Continue Reading

МОН и УНИЦЕФ со работилници за јакнење на компетенциите на стручните соработници во училиштата

Продолжуваат работилниците за стручни соработници од сите основни и средни училишта во државата. Министерството за образование и наука, со поддршка на UNICEF MK досега организираа шест работилници во Охрид, Битола, Тетово, Куманово и две во Скопје, преку кои успавме да вклучиме и да разговараме со 411 стручни соработници. Целта на работилниците е да се изгради заеднички одговор на последните случувања …

Continue Reading