Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со дожд

dozd_5756756756
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град.







Како што најави УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 26 степени.

И во следните денови ќе се задржи променливо облачно и топло време, во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме кога поројниот дожд ќе биде проследен со силен ветер и појава на град.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK