Во Собранието седница за пратенички прашања

Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница, на чиј дневен ред се пратеничките прашања. Според усогласеното, први прашања поставуваат пратениците од опозицијата. Вообичаено, седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот.

Continue Reading

Од верските календари

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 мај. Светата маченичка Гликерија Ќерка на еден гувернер на Рим. По смртта на татко и осиромаши и се насели во Трајанопол во Тракија. Во времето на нечестивиот цар Антонин Гликерија беше изведена да му принесе жртва на идолот на Диј. Таа си нацрта крст на челото, па кога царскиот намесник ја …

Continue Reading

Средба на директорката на AХК Македонија, Антје Ванделт со новинарите

Директорката на AХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, Антје Ванделт денеска ќе има средба со новинарите на која се очекува да се разговара за германско-македонските стопански односи. Ванделт пристигна во Скопје минатиот понеделник. Има повеќе од 20 години работно искуство како директор на германските стопански комори во Латинска Америка, Перу и Чиле.

Continue Reading

Седница на Работната група за уставни измени

Работната група формирана при Министерството за правда со задача за подготвување на Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот денеска ќе одржи седница. Како што информира Министерството за правда при формирањето на групата, откако ќе бидат подготвени измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамки на Собранието, а паралелно со работата на групата ќе се одржуваат и …

Continue Reading

На денешен ден

735.- Умрел Свети Бид, монах, црковен историчар, литерат, автор на првата историја на Британија. Неговата „Црковна историја на англискиот народ“ (“Historia Ecclesiastica Gentis Anglorum”), е напишана на латински јазик и претставува најважен извор на англосаксонската историја меѓу првиот и шестиот век. Пишувал и на англиски јазик, посебно песни, но сочувана е само „Посмртна песна“. 1623.- Роден е англискиот економист Вилијам …

Continue Reading

„ЕУ со ТЕБЕ“ во Крушево

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска ќе ја посети општина Крушево. Ова е седма од серијата општински посети по отворањето на пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ во јули 2022 година. Целта на овие посети, како што информираат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, е да се презентираат новите чекори во процесот на пристапни преговори со ЕУ и нивното влијание врз …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е петок, 26 мај 2023 година, 146-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 219 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 5 минути, а ќе зајде во 19 часот и 58 минути. Денов трае 14 часа и 53 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде …

Continue Reading

Семинар во Прилеп: Ниско е нивото на безбедноста на земјоделците

Едукација, совесност и спроведување на законот заштита на работното место се главните чекори за да се спречи ниското ниво на безбедност на земјоделците при работа во полето и во земјоделските стопанства. Ова беше речено на дводневниот семинар кој започна денеска во Прилеп на тема „Заштита на здравјето и безбедноста при работа на работниците во земјоделскиот сектор од Пелагонискиот регион“ во …

Continue Reading

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Димитар Ковачевски

Времето покажува дека што и да каже Ковачевски дека разговарал или не разговарал, него не може да му се верува, да одговори и Ахмети Времето покажува дека што и да каже Ковачевски дека разговарал или не разговарал, него не може да му се верува, да одговори и Ахмети. Така на почетокот тој беше против француски предлог, за да потоа тој …

Continue Reading