Ковачевски: На лидерската средба слушнавме дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени

Ваков демократски дијалог треба да има на сите нивоа. Добро е што ставот утрово искажан од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски практично е променет и различен од ова што го слушнав на денешната средба, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени во државата, тоа е заеднички заклучок и клучна порака од оваа средба, изјави премиерот Димитар Ковачевски …

Continue Reading

„Нефрон“: Апелираме да се преиспита одлуката за разрешување на Јовев

Апелираме да се преиспита одлуката за разрешување на директорот, професор доктор Сашко Јовев, а за евентуално направените грешки и пропусти во работењето, доколку ги има, соодветно нека биде казнет со други мерки, но, да не се казнуваат пациентите или оние кои чекаат трансплантација, затоа што сите сме свесни дека Националната програма за трансплантација на органи се темели најмногу на ентузијазмот …

Continue Reading

Граф: Ќе има уште повеќе германски инвестиции ако бидат појасни реформите

Германските компании остануваат на своите одлуки за инвестиции и со актуелните политички случувања во државава, но би имало повеќе инвестиции доколку бидат појасни реформите, смета заменик-амбасадорот на Германија во државава Ото Граф. На презентацијата на истражувањето за деловната клима на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија АХК и Македонско-германското стопанското здружение, Граф одговараше на новинарски прашање за влијанието на …

Continue Reading

В петок премиера на „Сергеј е многу глупав“ на Охридскиот народен театар

Народниот театар Охрид в петок премиерно ќе ја изведе претставата „Сергеј е многу глупав“ од Дмитриј Данилов, а во режија на Дејана Николовска. Претставата ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“. Во улогата на Сергеј игра Никола Тодороски, првиот курир е Стрезо Стаматовски, вториот курир го игра Горан Стојаноски, а третиот Филипи Кипровски, додека Елизабета Стефановска …

Continue Reading

Вонреден инспекциски надзор од ДСЗИ во психијатриска болница „Скопје“

Вонреден инспекциски надзор од Државен санитарен и здравствен инспекторат бил извршен во психијатриска болница „Скопје“, потврди за МИА в.д. директорот Мухсин Арифи, кој најави повеќе детали нешто подоцна во текот на денот. – Kако новоназначен директор на психијатриската болница „Скопје“, чувствувам должност да се обратам на пошироката јавност за последните случувања поврзани со агресивните пациенти кои се тепаат меѓусебе. Истите …

Continue Reading

В понеделник во Германија почнува најголемата воена воздушна вежба во историјата на НАТО

Германија се подготвува да биде домаќин на најголемата воена воздушна вежба во историјата на НАТО. Воената вежба, во која учествуваат 25 земји и 250 авиони, ќе се одржи од 12 до 23 јуни. „Тоа ќе биде демонстрација на сила со цел да се покаже единството на сојузниците и да се импресионираат потенцијалните противници, како што се Русија, изјавија германски и …

Continue Reading

Штипскиот Совет утре на вонредна седница ќе го спасува од финансиски колапс ЈП „Исар“

Советот на Општина Штип за утре ја закажа вонредната седница, на која ќе има само две точки на дневниот ред, а тоа се ребаланс на буџетот и одобрување на 18 милиони денари за ЈП „Исар“, кое е во тешка финансиска состојба и е постојано со блокирана сметка. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов пред два дена на прес-конференција најави дека …

Continue Reading

Аврамовска–Мадиќ: Може треба зацврстувања на одредени закони за да се констатира подобро утврдувањето на одговорност на членови во одредени институции

Законската рамка е добра, меѓутоа може треба зацврстувања на одредени закони за да се констатира подобро утврдувањето на одговорност на одредени членови во одредени институции, како што е Судскиот совет или Советот на јавни обвинители, за да не се доведеме во ваква ситуација, каква што Северна Македонија и правосудството во моментов се наоѓа, изјави денеска заменик министерката за правда Викторија …

Continue Reading

Во тек пријавувањето за општинско-корисна работа во Берово

Во Берово е распишан јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во програмата општинско-корисна работа. Со јавниот повик се предвидени 17 работни позиции, а право на учество, како што информираа од Општината, имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата. – Работните позиции кои се опфатени со …

Continue Reading