Спасовски – Нешиќ: Западен Балкан станува двигател за соработка во решавање предизвици и дејствување во регионални проекти

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше во работна посета на Сараево, Босна и Херцеговина и учествуваше на Сараевскиот миграциски дијалог 3. Спасовски во Сараево имал и билатерална средба со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ. Како што соопштија денеска од МВР, на средбата меѓу другото, се разговарало за поинтензивна соработка во неколку области од заеднички …

Continue Reading

Рубин: Македонија е прва земја со која САД потпишаа меморандум за взаемно разбирање во борбата со дезинформациите, следуваат Бугарија и Словачка

Џејмс Рубин, специјален претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман при американскиот Стејт департмент во интервју за Гласот на Америка на руски јазик изјави дека Северна Македонија е првата земја со која САД потпишаа меморандум за взаемно разбирање во борбата против дезинформациите и дека планираат такви меморандуми да склучат и со други земји, вклучувајќи ги Бугарија и Словачка. -Манипулација …

Continue Reading

Огнот на надежта од Атина тргна за Специјалната Олимпијада во Берлин 

Од зраците на сонцето, исто како и олимпискиот оган во античка Олимпија, така и Огнот на надежта за Специјалната Олимпијада, беше запален во Грција и го започна патот до Берлин, каде што од 17 до 25 јуни ќе се одржат Светските игри на кои ќе учествуваат атлети и од Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Олимпискиот оган, односно …

Continue Reading

Турската лира падна на рекордно ниско ниво по почетокот на новиот мандат на Ердоган

Турската лира денеска падна на рекордно ниско ниво, продолжувајќи го својот пад во однос на американскиот долар откако претседателот Реџеп Таип Ердоган го започна својот трет мандат. Лирата денеска ослабе за повеќе од шест отсто во однос на доларот. Турската валута падна за осум отсто по назначувањето на новата влада на Ердоган. Валутата од почетокот на годината ослабе за околу …

Continue Reading

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ не поддржува уставни измени под вакви услови, но е спремна да влезе во влада со СДСМ без ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во влада со СДСМ и со останатите политички партии, но без учество на ДУИ во таа влада, изјави денеска претседателот на партијата Христијан Мицкоски по лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која, како што нагласи, „јасно му кажал“ дека ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата стои на ставот дека уставни измени под бугарски диктат на ваков …

Continue Reading

Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп

Нормализиран е сообраќајот на патот Градско – Прилеп, информираа од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Continue Reading

Димитриевски: Предложивме три решенија за проблемот со Бугарија, ниту еден од политичките чинители не крена телефон и да не праша за предлозите

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија потенцираше дека суштината на проблемот со Бугарија е како да се реши без евентуални последици по мнозинството граѓани коишто живеат во оваа држава, поради тоа што се јавуваат големи фрустрации кај секој еден Македонец. „Тоа го покажува јавното мислење со сондажите, на ваков …

Continue Reading

Во Битола започнува 5-то издание на Меѓународниот натпревар Пијанофест

Во четврток на 8-ми јуни со почеток од 19 ч. во КИЦ – Офицерскиот дом во Битола со свечен концерт ќе започне Меѓународниот натпревар Пијанофест 2023. На концертот ќе настапи минатогодишниот лауреат на Пијанофест 2022, Лара Арбајтер од Србија, како и Маргарита Вујовиќ на пијано и Анастасија Холц – сопран, исто така од Србија. Натпреварувачкиот дел ќе започне на 9-ти …

Continue Reading

Османи – Габриел: Продолжување на политичкиот дијалог и целосна имплементација на Договорот за пријателство

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари телефонски разговор со заменик-претседателката на Владата и министерка за надворешни работи на Република Бугарија, Марија Габриел. Османи, како што соопшти МНР, упати честитки за именувањето на функцијата, пренесувајќи ја притоа подготвеноста за зајакнување на билатералната соработка, во духот на добрососедските односи и европските вредности и во интерес на граѓаните на двете земји. …

Continue Reading