Трошоците на животот во мај зголемени за 11,3 отсто на годишно ниво и за 0,4 отсто на месечно ниво

Трошоците на животот во мај годинава се зголемени за 11,3 отсто во споредба со истиот месец лани, а цените на мало бележат зголемување од 7,5 отсто. На месечно ниво трошоците на животот во мај годинава се повисоки за 0,4 отсто во однос на април 2023 година, додека цените на мало се намалени за 0,9 отсто. Според податоците на Државниот завод …

Continue Reading

Шаќири од Тетово со порака стручното образование да биде избор на полуматурантите

Да испратиме порака до полуматурантите добро да размислат каде ќе продолжат да се едуцираат и да ги насочиме нивниот избор да биде средно стручно образование. Тоа е иднина, тоа го бара пазарот на трудот и овозможува поголема веројатност за натамошни успеси на личен и професионален план. Ова денеска го порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири при посетата на …

Continue Reading

Работодавачите од Куманово да аплицираат на тековните повици, повикаа од Центарот за вработување

Работодавачите од Куманово да аплицираат на тековните повици наменети за нив, повикаа денеска надлежните од Центарот за вработување Куманово. Во тек е јавниот повик до работодавачите и до невработените лица, односно стручни обуки според барањата на работодавачите. Според раководителката на Центарот за вработување во Куманово, Марија Димитријевска, мерките се поделени на два огласа бидејќи работодавачите коишто ќе учествуваат во мерката …

Continue Reading

Симонида Кацарска: Случувањата во Судскиот совет се предмет на следење и мониторинг и на нашиот претстоен Извештај

Случувањата во Судскиот совет се предмет на следење и мониторинг и на нашиот Извештај што претстои наесен и тие претставуваат голем чекор наназад, во однос на некои оценки што ЕУ го даваше за нашето правосудство, вели Симонида Кацарска, директорка, Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје. Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на дискусијата „Мониторинг на владеењето на правото за …

Continue Reading

Раст од 3,1 процент на извозот, пад од 10,7 проценти на увозот во првите четири месеци од годинава

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – април 2023 година изнесува 3 005 376 000 долари и бележи пораст од 3,1 процент во однос на истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 899 163 000 долари, што е за 10,7 проценти помалку …

Continue Reading

Шпанија ја бележи најтоплата пролет во историјата, се очекува и екстремно топло лето

Оваа година Шпанија ја бележи својата најтопла пролет во историјата и втора најсушна досега, според националната метеоролошка агенција. Последните податоци укажуваат на продолжување на екстремно високите температури кои беа присутни во текот на 2022 година, која беше најтоплата година досега забележана во Шпанија. Пролетните горештини беа придружени со недостиг од дожд, што ќе ја влоши долгорочната суша во Шпанија, и …

Continue Reading

Винисиус прогласен за најдобар фудбалер на Реал

Винисиус Жуниор е прогласен за најдобар играч Реал Мадрид за сезоната 2022/23 во изборот на навивачите на „кралскиот клуб“. – Многу сум задоволен од таквата поддршка од навивачите. Сакам да продолжам да напредувам и да се развивам со цел секогаш да ја демонстрирам најдобрата верзија од себе. Се надевам дека и следната сезона ќе продолжам во истиот дух и ќе …

Continue Reading

Могерини и Куши потпишаа меморандум за изградба на европски универзитет во Тирана

Поранешната шефица на европската дипломатија, Федерика Могерини денеска престојува во Тирана, но овојпат не како претставник на дипломатијата на ЕУ, туку за изградбата на европски универзитет во Тирана. – Тука сум за проектот за изградба на кампус на европскиот универзитет. Сега нема да коментирам ниту за албанската политика или за институционалната динамика на реформскиот процес во однос на регионалната динамика …

Continue Reading

Конференција: Државата да се фокусира на зелената дигитализација и одржливите дигитални инфраструктури

Национален приоритет е да се креираат планови и патокази за дигитална трансформација и да се финансираат иницијативи за дигитализација на претпријатијата. Важно е државата да се фокусира на зелената дигитализација и на создавање еколошки одржливи дигитални инфраструктури, беше речено на денешната конференција „Go Green: Обезбедување дигитална еколошка одржливост“. Конференцијата ја организира Бирото за регионален развој во рамки на проектот „Компјутерската …

Continue Reading