Врховниот суд на Белорусија ја потврди 15-годишната затворска казна за Тихановскаја

Врховниот суд на Белорусија вчера ја потврди казната од 15 години затвор за поранешната претседателска кандидатка Светлана Тихановскаја, која не е во земјата. Судот во Минск на 6 март ги осуди лидерите на белоруската опозиција Тихановскаја и Павел Латушко, кои се надвор од Белорусија, на 15, односно 18 години затвор, по што Тихановскаја поднесе жалба на пресудата. Шефицата на кабинетот …

Continue Reading

Заедничка изјава на Пирц Мусар, Голоб и Фајон по повод 20 години од Самитот во Солун: Потребни се храбри политички одлуки

Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, премиерот Роберт Голоб и министерката за надворешни и европски работи на Словенија, Тања Фајон, во заедничка изјава по повод 20-годишнината од Самитот во Солун наведуваат дека „заклучоците од самитот остануваат трајно ветување за сите нас – ЕУ и нејзините земји-членки, вклучително и Словенија, како и Западен Балкан“. -Денес, на 21 јуни, ја одбележуваме 20-годишнината …

Continue Reading

Бајден ја продолжи важноста на уредбата за вонредна состојба на Западен Балкан

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека во согласност со Националниот закон за вонредни состојби, останува на сила указот за вонредната состојба на Западен Балкан. Тој синоќа посочи дека е неопходно да се продолжи вонредната состојба прогласена со Извршната наредба 13219 за Западен Балкан. „Актите на екстремистичко насилство и опструкционистичка активност, како и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот …

Continue Reading

Буданов ги обвини Русите дека го „минирале“ базенот за ладење во нуклеарната централа

Шефот на украинското воено разузнавање Кирило Буданов денеска ја обвини Русија за „минирање“ на базенот што се користи за ладење на реакторите во нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија. Станува збор за најголемата европска нуклеарна централа, комплекс со шест реактори, која се најде под окупација веднаш по инвазијата на московските сили во февруари минатата година. -…Најстрашното е што нуклеарната централа …

Continue Reading

Нов Зеланд ги олеснува миграциските правила за да привлече нова квалификувана работна сила

Нов Зеланд денеска соопшти дека ќе ја зголеми годишната квота на прифат на нови висококвалификувани мигранти и ќе обезбеди побрз пат до обезбедување нивен постојан престој, бидејќи богатите земји се натпреваруваат да ги привлечат најдобрите таленти во светот. Неколку напредни економии го зголемија годишниот број на миграции или ги олеснија визните правила за да им помогнат на клучните компании да …

Continue Reading

Прекинато водоснабдување за дел од корисниците на ул. Перо Наков бб

Дел од корисниците од ул. Перо Наков бб, на потегот од бул. Киро Глигоров до МЗТ денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување, соопшти регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје. ЈП Водовод и Канализација го известил Центарот дека прекинот е поради дефект на затворач 250 мм на ул. Перо Наков бб. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување …

Continue Reading

Презентација на новите лесни оклопни возила на Армијата

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, денеска во штипската касарна „Јане Сандански“, ќе се обратат на презентацијата на новите лесни оклопни возила JLTV, кои се составен дел од опремата на Армијата на Република Северна Македонија. На презентацијата на новите оклопни возила на Армијата ќе …

Continue Reading

Северна Кореја: Посетата на Блинкен на Кина е „просјачко патување“

Северна Кореја посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Кина ја оцени како „просјачко патување“ со цел да се намалат тензиите. Севернокорејскиот аналитичар за меѓународни односи Јонг Јонг-хак изјави дека целта на посетата на Блинкен била „да моли за смирување на тензиите“ бидејќи „обидот за притисок и задржување на Кина би можело да стане бумеранг, кој би бил смртоносен …

Continue Reading

Недела на бугарски документарни филмови од денеска во Кинотека

Од денеска до 27 јуни, во Кинотеката ќе се одржи Неделата на бугарски документарни филмови. Во седумте вечери посветени на авторите од новиот документаристички бран на бугарската кинематографија, како и класичните автори, посетителите ќе имаат можност да проследат 10 краткометражни и долгометражни наслови. Автори на филмовите од оваа селекција се Станислав Дончев, Јордан Тодоров, Борислав Колев, Андреј Паунов, Светослав Стојанов …

Continue Reading