Санкционирани 271 возач во Скопје, 87 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот вчерашниот ден санкционирал 271 возач на територија на главниот град. -Од изречените мерки, изречени се 87 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 36 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се седум санкции за …

Continue Reading

МЗШВ: Земјоделците навреме да аплицираат за субвенции за овошни насади

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директните плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади. Корисници на овие субвенции можат да бидат земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 хектари одржлива површина со постоечки овошни насади збирно за следните овошни видови: јаболка, слива, праска, круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, …

Continue Reading

Американската „Теламон“ ќе отвори нов производствен погон во близина на Скопје

Американската компанија „Теламон“ денеска ќе го отвори новиот производствен погон во близина на Скопје. Производствениот погон е со површина од 2.100 метри квадратни и во него ќе се произведуваат електрични кабли за автомобилската индустрија. Се очекува да бидат отворени 300 нови работни места. На отворањето на погонот најавено е обраќање на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на „Теламон …

Continue Reading

Седумгодишник со пиштол убил петгодишно дете

Седумгодишник застрела и уби петгодишно дете во дом во источен Кентаки. Прелиминарната истрага покажа дека пукањето во понеделникот вечерта во домот во Меки било несреќен случај, соопшти денеска државната полиција на Кентаки. Преземени се мерки за спасување, но судскиот вештак во округот Џексон констатирал смрт на детето на местото на настанот. Според полицијата, истрагата продолжува, а засега не се соопштуваат …

Continue Reading

Канадски авион регистрира подводни звуци во потрагата по исчезнатата подморница

Потрагата по исчезнатата подморница „Титан“ во северниот дел на Атлантски Океан е пренасочена откако американската крајбрежна стража соопшти дека канадски авион открил подводни звуци во северниот дел на Атлантски Океан. Подморницата на 18 јуни изгуби контакт со матичниот брод „Поларен принц“ еден час и 45 минути откако зарони на дното на Атлантскиот Океан. Досега е пребарана површина од над 19.000 …

Continue Reading

Столтенберг: НАТО ќе и помогне на Украина да ја модернизира својата војска

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вети дека Алијансата ќе се заложи за дополнителна помош за модернизација на украинската армија на самитот што ќе се одржи во јули во главниот град на Литванија, Вилнус. Во изјавата, што денеска, е објавена во германскиот весник „Тагесшпигел“, Столтенберг кажува дека сојузниците на самитот ќе усвојат повеќегодишен пакет помош што ќе ја доведе Украина …

Continue Reading

Палестинците убија четири лица во близина на еврејска населба

Вооружени палестински напаѓачи денеска отворија оган во близина на еврејска населба на окупираниот Западен Брег, при што загинаа четири лица. Израелската армија соопшти дека убила еден вооружен маж и дека продолжува со потрагата по друг, но палестинските власти не ги потврдија овие тврдења. Во соопштението на израелската служба за итни случаи, беше наведено дека во нападот на Палестинците се ранети …

Continue Reading

Антивладини протести во Колумбија

Илјадници луѓе вчера протестираа во Богота и другите големи колумбиски градови поради најавените реформи на левичарската Влада на претседателот Густав Петро. Протестите се во организација на десничарската опозиција. Најголем број од демонстрантите беа облечени во бело и извикуваа пароли против првата левичарска Влада во историјата на Колумбија. Петро, кој е на власт од август минатата година, беше избран врз основа …

Continue Reading

Американско-кинеската „војна“ со микрочипови

Со месеци САД се обидуваат со санкции да ја спречат Кина да увезува и произведува врвни микрочипови. Тие се, на пример, потребни за развој на вештачката интелигенција, за патување во вселената и за модерната воена индустрија. На санкциите им се приклучија и Холандија и Јапонија. Кина, имено, сè уште не може сама да произведува високотехнолошки микрочипови и затоа е зависна …

Continue Reading