Во Скопје 250 сообраќајни прекршоци, 149 за брзо возење

На територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 250 мерки во контролите во областа на сообраќајот што ги спроведува СВР – Скопје. Од нив 149 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 15 санкции за возење без возачка дозвола, 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Како што соопшти МВР, изречени се три мерки за …

Continue Reading

Косовската криза меѓу европскиот план и седницата на Советот за безбедност на ОН

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, рече дека кога е во прашање ситуацијата на северот на Косово, потребно е единство, фокусирање на деескалација и изнаоѓање остварливи решенија. Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар вели дека европскиот план за решавање на косовското прашање е добар и не се приклонува кон ниту една …

Continue Reading

Заштитата на новинарите и природата и странското влијание меѓу темите на јунската сесија на ЕП

Заштита на новинарите и активистите во Европската унија од неосновани и навредливи правни постапки е една од точките на дневниот ред на сесијата на Европскиот парламент што почнува денеска во Стразбур. Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, европратениците денеска ќе дебатираат за новите правила за заштита на новинарите, медиумските организации, активистите, академиците, уметниците и истражувачите низ ЕУ …

Continue Reading

Шестмина загинати во напад на градинка во Кина

Шест лица загинаа, а едно е повредено денеска во напад на градинка во Лианџијанг на југот на Кина, соопштија локалните власти. Меѓу седумте жртви има „наставник, двајца родители и тројца ученици“, додека осомничениот за нападот е уапсен, соопштија локалните власти, додавајќи дека детали за идентитетот и возраста на жртвите и видот на оружјето што е употребено се уште не се …

Continue Reading

Најавен првиот хрватски филм делумно напишан од ВИ

Во Хрватска за догодина се подготвува филм најавен како „пионерски потфат на хрватската независна филмска продукција“ во контекст на светскиот тренд во кинематографијата. Станува збор за проектот „БЕТА“, кој ќе се снима на почетокот на 2024., а ќе биде прикажан до крајот на таа година. Како што соопштуваат продуцентите, тоа е првиот долгометражен игран филм во историјата на светската кинематографија …

Continue Reading

Неформален состанок на министрите за животна средина на ЕУ

Заштитата на биолошкиот диверзитет, почвата и водите, иницијативите за подобрување на квалитетот на воздухот и подобрата заштита на граѓаните и животната средина, ќе бидат главни теми на денешната неформална средба на министрите задолжени за животна средина на земјите членки на ЕУ, што ќе се одржи во шпанскиот град Ваљадолид. На средбата ќе стане збор и за новата Директива за амбалажа …

Continue Reading

Австралија и испорачува на Германија повеќе од 100 борбени транспортери

Австралија ќе потпише начелен договор за снабдување на германската војска со повеќе од 100 оклопни транспортери Боксер од австралиско производство, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе во Берлин. Германската одбранбена компанија Рајнметал во март почна со производство на борбено извидувачко возило Боксер во австралиската сојузна држава Квинсленд, според договорот за испорака на 211 возила на австралиската војска, со што ќе се …

Continue Reading

Бред Пит снима филм за Ф1 на „Силверстоун“

Бред Пит е забележан во костим на британската патека „Силверстоун“ вчера пред „Гранд-при“ трката во Формула 1, каде се снимале сцени од неговиот претстоен филм за овој спорт. Холивудската ѕвезда и неговиот колега Демсон Идрис беа во бело-црни тркачки костими од измислениот тим „Еј-пи-екс-џи-пи“ (APXGP), меѓу вистинските Ф1-возачи кај патеката во Нортемптоншир. А пак, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон дејствува …

Continue Reading

Пјонгјанг го осуди пристигнувањето на американската подморница во близина на Корејскиот полуостров

Северна Кореја го осуди потегот на Соединетите Американски Држави да внесат подморница со балистички проектили со нуклеарен погон во водите во близина на Корејскиот полуостров, велејќи дека тоа создава ситуација што го приближува нуклеарниот конфликт до реалноста. Северна Кореја, исто така, тврди дека американските извидувачки авиони неодамна го нарушиле нејзиниот воздушен простор во близина на источниот брег, повикувајќи се на …

Continue Reading