Без вода дел од Визбегово

Поради уличен дефект на „Јадранска Магистрала“ бб, во близина на Комодита, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Индустриска зона Визбегово, вклучително центарот за дијализа „Диаверум“. Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:45 часот до завршување со санација на дефектот.

Continue Reading

Во општина Аеродром сметот се собираше со два камиони на штипски „Исар“

Два камиони за собирање на смет беа испратени синоќа на помош на Општина Аеродром за собирање на смет од страна на комуналното претпријатие „Исар“, изјави за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека камионите се испратени на барање на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски со цел да се собере сметот во неговата општина. Јорданов посочува дека …

Continue Reading

Маричиќ во Вашингтон на средби со О’Брајан, Ескобар и Брукс, теми на разговорите и уставните измени

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска заминува за Соединетите Американски Држави, каде следните три дена ќе оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Стејт Департментот. Маричиќ во Вашингтон ќе се сретне со американскиот специјален претставник за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар за Европа и Евро-Азија, Габриел Ескобар, со Робин Брукс, специјалниот советник за Европа на потпреседателката …

Continue Reading

Шавкат Мирзиоев повторно избран за претседател на Узбекистан

Актуелниот претседател на Узбекистан Шавкат Мирзиоев победи на претседателските избори одржани во неделата, соопшти денеска тамошната изборна комисија. Според првичните резултати, Мирзиоев добил 87,05 отсто од гласовите, додека одѕивот на гласачите бил околу 80 отсто. Како што пренесуваат странските агенции, немаше дилема за победата на Мирзиоев на изборите, кој беше во трка со уште тројца кандидати, непознати за пошироката јавност. …

Continue Reading

Утрово најсвежо во Лазарополе

Утрово најсвежо е во Лазарополе, седум степени, а максимални 20 степени се измерени во Гевгелија. Како што соопшти УХМР, 8 степени е на Попова Шапка, 9 во Берово, 10 во Крива Паланка и Маврови Анови, 11 во Крушево и Битола, 12 во Тетово, 13 во Скопје – Петровец, Прилеп, Охрид и Претор, 14 во Куманово, Демир Капија, Дебар, Струмица и …

Continue Reading

Друштвото на писателите на Македонија стана нов член на Европскиот писателски совет

Европскиот писателски совет (EWC), најголема европска федерација на писателски асоцијации со седиште во Брисел, годинава на 4 јуни во Берлин одржа Генерално собрание на кое едногласно беа примени 5 нови членки – писателски асоцијации од различни европски земји: – Друштво на писателите на Македонија, Македонија; – IG Autorinnen und Autoren, Австрија; – SNAC Националната асоцијација на автори и композитори, Франција; …

Continue Reading

Верстапен: Норис беше многу брз, ми требаа неколку кругови да го престигнам

Пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен ги сумираше впечатоците по победата на трката за Големата награда на Британија. – Имавме ужасен почеток, ќе треба да ги најдеме причините за тоа што се случи. Ландо Норис, поточно и двата болиди на Мекларен, беа многу брзи. Ми требаа неколку круга за сепак да го престигнам Норис, по што успеав да создадам празнина. …

Continue Reading

Одржан дводневен Јулски коњички турнир и трето коло од отвореното Лига првенство во прескокнување на пречки

Во организација на клубовите Анималс и Бравадос, викендот во Скопје се одржа дводневниот Јулски коњички турнир и 3. коло од Државното првенство во прекокнување на пречки. Пласман на најдобри по категории: Е-категорија: 1. место Ина Илиевска со грлото Балтазар од КК.Бравадос и Ева Димитриевска со грлото Киви од КК.АБравадос 2. место Ина Илиевска со грлото Куакс од КК.Бравадос и Ева …

Continue Reading

САД преку Канада на пенали до полуфиналето на Голд купот

Репрезентацијата на САД ја победи Канада на пенали синоќа во четвртфиналето на Голд купот КОНКАКАФ. По основните 90 минути резултатот беше нерешен 1:1, а двете селекции постигнаа по еден гол и во дополнителните 30 минути. Пеналите завршија со резултат 3:2 за Американците. Во полуфиналето селекцијата на САД ќе се сретне со Панама која го победи Катар (4:0). Другата полуфинална двојка …

Continue Reading