Над 200.000 посетители на фестивалот „Егзит“

Повеќе од 200.000 луѓе го посетија годинешниот четиридневен музички фестивал „Егзит“, којшто утрово заврши на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија, соопштија организаторите. „Високофреквентната енергија на љубовта и слободата овие четири фестивалски вечери неспорно го допре секој поединец – и посетителите и најголемите светски музички ѕвезди“, се истакнува во денешното соопштение. На овогодишниот фестивал, меѓу другите, настапија „Продиџи“, „Скрилекс“, Алесо, …

Continue Reading

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле околу 3,4 милиони странски туристи

Албанија бележи висок прилив на странски туристи во периодот јануари-јуни оваа година, со раст од 33 отсто, споредено со истиот период минатата година. Министерката за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро, денеска на социјалните мрежи ги сподели податоците за периодот јануари-јуни 2022 и 2023 година. -Ви посакувам успешна недела со добри вести: официјалните податоци го потврдуваат она што го гледаме …

Continue Reading

Холандскиот премиер во заминување ќе ја напушти политиката по парламентарните избори

Холандскиот премиер Марк Руте најави дека ќе се повлече од политиката по парламентарните избори. Руте, лидерот на конзервативната Народна партија за слобода и демократија (ВВД) и холандски премиер со најдолг стаж, му ја предаде оставката на својата четиричлена коалиција на кралот Вилем-Александар. – Вчера наутро донесов одлука дека повеќе нема да бидам лидер на ВВД. Кога новиот кабинет ќе ја …

Continue Reading

Академските скулптори да се пријават за биеналната изложба „Скулптури на новото време 2023“

Кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ ги повика академските скулптори да се пријават за биеналната изложба „Скулптури на новото време 2023“. – На изложбата можат да учествуваат академските скулптори од државата. Секој учесник може да учествува со најмногу три скулптури. Темата е слободна, како и изборот на техниката и материјалот. Авторот има обврска со приложените скулптури да достави и своја …

Continue Reading

Пантер: Не ми се допаѓа идејата за воведување плејин во Евролигата

Капитенот на Партизан, Кевин Пантер објасни зошто не ја цени идејата за воведување плејин турнир во Евролигата. Пантер сугерираше дека форматот за одлучување од еден натпревар во одредувањето на квалификациите за плејофот им дава предност на тимовите кои најверојатно биле послаби од конкуренцијата во текот на регуларниот дел од сезоната, но ќе имаат шанса да изборат пласман во разигрувањето за …

Continue Reading

Приведени двајца крадци од Скопје, кај едниот била пронајдена и дрога

Полициски службеници ноќеска 15 минути по полноќ на подрачјето на Центар ги привеле Е.К.(38) и С.Р.(55), двајцата од Скопје, поради тоа што вчера од хотел во Градскиот парк во Скопје одзеле сеф со пари. Како што соопштуваат од МВР, при извршена проверка кај Е.К. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, како и алати со кои е извршена тешката кражба, …

Continue Reading

ЦГК: Просечната активна транспарентност на Владата, министерствата и на општините подобрена за три отсто од лани

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 отсто и во однос на лани е подобрена за три процентни поени (од 73 на 76 отсто), покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), од редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се …

Continue Reading

Скопскиот плански регион одржа итна седница, се бара решение на проблемот со комуналната хигиена

Скопскиот плански регион бара итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот со комуналната хигиена. На денешната итна седница во врска со комуналната хигиена во рамките на Град Скопје, Советот на Скопскиот плански регион одлучи да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена, како и препорака со која се бара Градот Скопје …

Continue Reading

Опожарени жито, автомобил и постојка во Куманово и Старо Нагоричане

Жито гореше во Старо Нагоричане, во Куманово автомобил и автобуска постојка, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. Пожарникарите од Старо Нагоричане гаснеа пожар во атар на село Младо Нагоричане, каде вчера гореше површина со жито. – Интервенирале од 10:40 до 11:30 часот во село Младо Нагориане во маала Поганци со едно возило и тројца пожарникари. Со …

Continue Reading