Северна Кореја истрела балистичка ракета, 12-та годинава

Северна Кореја денеска истрела ракета со долг дострел од нејзиниот источен брег, што претставува дванаесетто лансирање на Пјонгјанг годинава, пред состанокот меѓу јужнокорејските и јапонските лидери во Вилнус. Лансирањето уследи по реакциите на Северна Кореја во последните денови, вклучително и обвинувањата дека американските шпионски авиони неодамна го нарушиле нејзиниот воздушен простор, како и осудите за неодамнешната посета на Јужна Кореја …

Continue Reading

„Еко – живот” : Приоритети се решавање на проблемот со аерозагадувањето, боровата шума на Љубаш и заштита на биодиверзитетот во заштитени подрачја

Наши приоритети се решавање на проблемот со аерозагадувањето, состобата со боровата шума на Љубаш и заштита на биолошката разовидност во склоп на заштитените подрачја на територија на Општината Кавадарци, беше кажано синоќа на прославата по повод 13 години еколошки активности на НВО „Еко – живот”. -Бевме основани во 2010 година како невладина организацизација со цел зачувување и подобрување на животната …

Continue Reading

Пожар во нафтената рафинерија во сибирскиот град Ангарск

Во нафтената рафинерија во сибирскиот град Ангарск во раните утрински часови избувна пожар, кој е изгаснат, изјави гувернерот на руската област Иркутск, каде што се наоѓа градот. „Дозволете ми веднаш да кажам – нема жртви“, напиша гувернерот Игор Кобзев на Телеграм. Причината за пожарот засега не е позната.

Continue Reading

Поради асфалтирање затворени делниците Велес – Градско и Демир Капија – Давидово, на Богородица за излез од земјава сe чека околу еден час

Поради асфалтирање, делницата Велес – Градско од денеска до 22 јули ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 08:00 – 18:00 часот. Од 6 јули до 20 јули поради асфалтирање, затворена е и делницата Демир Капија – Давидово во период од 10:00 – 16:00 часот. Како што соопшти АМСМ, од 1 јули до 31 август на државните патишта во …

Continue Reading

ОН ја прекинуваат помошта на Турција за северозападна Сирија поради несогласувања во Советот за безбедност

Советот за безбедност на ОН синоќа не одобри ниту една од двете спротивставени резолуции со кои се овластува испорака на хуманитарна помош за северозападна Сирија, контролирана од бунтовниците, од соседна Турција. Русија стави вето на компромисната резолуција со која би се продолжила операцијата на преминот Баб ал Хава за девет месеци, што беше поддржано од 13 од 15-те членки на …

Continue Reading

Русија втора ноќ по ред изврши напади со беспилотни летала врз Киев, сите се одбиени

Русија втора ноќ по ред изврши напади со беспилотни летала – камикази врз Киев, а системите за противвоздушна одбрана го одбија ударот, соопштија украинските власти. „Издадено е предупредување за воздушен напад. Системите за противвоздушна одбрана се оперативни во регионот околу Киев“, напиша на Телеграм Серхи Попко, шеф на воената администрација за главниот град на Украина. Воената администрација на Киев ги …

Continue Reading

Безбедното домување во Скопје „во битка“ за пристапен простор и примена на прописите 

Тесни лифтови што не собираат носилки за брза помош, заглавени екипи во тесни улички, блокирани пристапи до влезовите на згради од непрописно паркирани возила, се само дел од искуствата на тие што треба да бидат први во реакцијата за помош, а се попречени и најдиректно ги чувствуваат последиците од неказнивото и штетно урбанистичко планирање. Непристапноста до станбените објекти за службите …

Continue Reading

Орешани без струја, а дел од Аеродром и Центар без вода

Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без струја денеска од 08:45 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците од населба Орешани во Општина Зелениково, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Без вода, пак, поради замена на затворачи на водоводна мрежа ќе останат корисниците од бул. АСНОМ од зграда бр. 110 до зграда бр. 180 во Општина …

Continue Reading

Претседателката на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија во посета на Собранието

Во посета на Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде Касандра Фернандо, претседателка на Групата за пријателство од Парламентот на Австралија. Фернандо ќе има средба со собранискиот спикер Талат Џафери и со членовите на парламентарната делегација на Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ). Предвидена е и средба со претседателот на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на …

Continue Reading