Орешани без струја, а дел од Аеродром и Центар без вода

struja-voda
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без струја денеска од 08:45 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците од населба Орешани во Општина Зелениково, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.







Без вода, пак, поради замена на затворачи на водоводна мрежа ќе останат корисниците од бул. АСНОМ од зграда бр. 110 до зграда бр. 180 во Општина Аеродром.

Од 09 часот вода ќе немаат и корисниците на потегот од Фонтана во Градски парк до Влада и објектите во дел од Градскиот парк.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK