Сончево и многу топло со УВ индекс 10

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ индексот ќе биде 10. Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а …

Continue Reading

Интернационален извиднички камп во Крушево

Во Крушево од денеска до 21 јули ќе се одржува тринаесетата Македонска извидничка смотра, што ја организира Сојузот на извидници на Македонија (СИМ). На интернационалниот камп ќе учествуваат повеќе од 1000 деца и млади од земјава и од уште 15 држави од регионот, Европа и светот. Еднаш, на секои пет години, како дел од својата програма, СИМ ја организира извидничката …

Continue Reading

Конститутивен состанок на Советот НАТО-Украина во Вилнус, Ковачевски Самитот го оцени како уникатна можност за демонстрирање на единството на членките

Конститутивен состанок на Советот НАТО-Украина ќе се одржи денеска на вториот ден од Самитот на НАТО во Вилнус, што е една од трите мерки, кои сојузниците, ги усвоија вчера на првата сесија на Севронатланскиот совет на највисоко ниво во пакетот за приближување на Украина кон Алијансата. На Самитот во главниот град на Литванија, како што јави известувачот на МИА од …

Continue Reading

Топлотен бран со температури над 40 степени, да се почитуваат препораките за заштита

Земјава деновиве е зафатена од топлотен бран со температури и над 40 степени Целзиусови, со УВ индекс 10. Особено топло, според прогнозата на УХМР, ќе биде во четврток и петок кога ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. Лекарите препорачуваат да се избегнува излегување надвор во периодот од 10 до 17 часот, неопходните работи граѓаните да ги …

Continue Reading

Од вечерва до 20 август светската музичка и сценска елита на 63. „Охридско лето“

Охрид од вечерва се до 20 август ќе живее со уметноста, преку содржините на програмата на 63. издание на најголемата и најпознатата културно-сценска манифестација во земјата – Фестивалот „Охридско лето“. Од вечерва ќе блеснат сцените на Атичкиот театар, црквата „Св. Софија“, нејзиното предворје, сцената „Долни Сарај“, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и други интересни локации низ градот. Тоа се …

Continue Reading

Астрономски календар

Денеска е среда, 12 јули 2023 година, 193-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 172 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 9 минути, а ќе зајде во 20 часот и 10 минути. Денов трае 15 часа. Месечината која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее 53 минути по полноќ, а ќе зајде во 15 …

Continue Reading

Нема повредени во вечерашниот пожар во битолскиот затвор

Нема повредени во пожарот што зафатил една просторија во битолскиот затвор лоциран во месноста „Црн Мост“ во Битола. Според првичните информации, единствено лекарска помош побарале и им е укажана на неколку чувари во затворот кои вдишале чад. Се очекува во текот на денот да бидат соопштени информации за причините за пожарот во битолскиот затвор кој веднаш бил изгаснат.

Continue Reading

Сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец

Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. УВ=10 Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 …

Continue Reading

Од верските календари

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 јуни. Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот …

Continue Reading