Трет ден трае потрагата по момчето во езерото Глажња

Трет ден трае потрагата по младиот жител на Никуштак кој влезе во водите на езерото Глажња во Липково и не излезе. Во потрагата се вклучени нуркачите од специјалната единица „Тигар“, Дирекција за заштита и спасување, а наскоро ќе се вклучат и нуркачи од армиските специјалци „Волци“. Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов го посети теренот и кажа …

Continue Reading

Почна заедничкото патролирање на сообраќајните полиции на Косово и Албанија

Заедничкото патролирање на полициите на Косово и Албанија почна денеска со цел да се зголеми безбедноста во патниот сообраќај во Албанија, соопшти косовската полиција. Полицијата на Косово и државната полиција на Албанија, како и претходните години, подготвија меморандум за соработка на патролите во Албанија. Косовската полиција соопшти дека „заедничкото патролирање е оценето како успешно“ особено поради бројот на косовски државјани …

Continue Reading

Спречен шумски пожар кај Отовица, на автопатот Велес – Скопје

Ниска вегетација, трња и грмушки гореле вчера од 16:35 до 19:30 часот кај  село Отовица, кое е лоцирано во близина над велешкото езеро „Младост“.  Велешките пожарникари и полицијаци по три часа тешка  борба со огнената стихија успеале да го изгаснат огнот за  да не се прошири кон боровата шума на автопатот Велес – Скопје. Портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев …

Continue Reading

Пригодна програма за Илинден во Делчево

Со положување свежо цвеќе пред споменикот на великанот Гоце Делчев и паднатите борци во центарот на градот и културно-уметничка програма во дворот на манастирот Св. Илија во село Ѕвегор, во Делчево утре ќе се одбележи националниот празник Илинден. Настанот е во организација на Општина Делчево во соработка со културно-уметничките друштва од Општината. -Во рамки на свечената програмата за заедничко одбележување …

Continue Reading

Велосипедските полициски патроли и летово низ улиците на Охрид

Во Охрид и туристичките населби во околината на градот од денеска во редовна полициска работа се вклучени и  велосипедските полициски патроли. Униформирани полициски службеници на велосипед се вклучија во редовните превентивни, но и репресивни делувања на терен, пред сѐ, за одржување на јавниот ред и мир, како и активности за спречување кражби и други кривични дела и прекршоци, откривање и …

Continue Reading

И Црна Гора им објави „војна на узурпаторите на плажите“

И Црна Гора ќе ги казнува туристите кои оставаат крпи но, и пластични шишиња на плажите. За прекршителите предвидени се високи парични казни. Локалната управа на Тиват соопшти дека нема да толерира таква појава и упати апел до граѓаните да не оставаат предмети на плажите бидејќи предвидени се казни од 100 евра за физичко и до 7.000 евра за правно …

Continue Reading

Евроатом: Нема ризик за европските нуклеарки ако Нигер го намали извозот на ураниум

Нуклеарната агенција на Европската унија, Еуроатом, денеска соопшти дека нема непосреден ризик за производството на нуклеарна енергија во Европа, во случај Нигер да ја намали испораката на ураниум. „Доколку се намали увозот од Нигер, нема непосредни ризици за безбедноста на производството на нуклеарна енергија во краток рок“, соопштија од Еуроатом. Минатата година, како што се посочува, Нигер бил вториот најголем …

Continue Reading

Србија, Хрватска и БиХ во битка против африканска свинска чума

Во последните два месеци, одгледувачите на свињи во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина  беа принудени да убијат илјадници свињи поради појавата на африканска свинска чума (АСЧ), а властите преземаат мерки и издвојуваат средства за поддршка на овој сектор. АСЧ не е опасна за луѓето, но е многу заразна и смртоносна за домашните и дивите свињи. Ширењето на болеста започна …

Continue Reading

Резолуцијата во американскиот Сенат уште една потврда за државничките политики на СДСМ

Резолуцијата во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја е уште една потврда за успешноста на меѓународната политика на СДСМ и признание за конструктивната улога на Македонците во градењето на американското општество. По Резолуцијата во Германскиот Бундестаг со Резолуцијата во САД гордост е да се знае дека македонските јазик, култура и историја добиваат признанија и промоции насекаде …

Continue Reading