Костадиновска-Стојчевска: Дури го говориме, јазикот ќе ни живее

Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска денеска упати честитка по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и изрази надеж дека практиката за подигнување на свеста за јазикот, не само во медиумите, туку на ниво на цела држава ќе продолжи. – Новиот Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик е одговор на новите случувања и новите процеси што се …

Continue Reading

Шаќири: Да се вклучиме сите и заедно да градиме хармонична училишна средина

Поддршката од сите чинители во општеството е неопходна за да продолжиме да градиме мирна и хармонична училишна средина, во која врсничкото насилство нема да биде тема. Министерството е носител на политиките, но без учество во нивното креирање и имплементација на другите засегнати институции, самите образовни установи, експертската јавност и конечно на сите граѓани, справувањето со предизвиците ќе биде многу потешко. …

Continue Reading

Дамева: Одговорност за незаконско постапување и одлучување мора и треба да има, за корумпираните судии компромис нема

Одговорност за незаконско постапување и одлучување мора и треба да има, вели Весна Дамева по вчерашната седница на Судскиот совет, за која рече дека е чин кој за некои најверојатно е завршница на претходните дејствија и нема ниту правна ниту законска основа. -Судскиот совет беше блокиран изминатите денови, мое мислење е дека истото е со цел да се обезбеди потребното …

Continue Reading

В недела Ден на жалост во Црна Гора

Владата на Црна Гора ќе прогласи Ден на жалост во недела поради трагичните настани во Србија, најави премиерот Дритан Абазовиќ. „Можно е да има два дена жалост. Денеска ќе ги известам моите колеги дека тоа ќе го направиме. На овој начин упатувам сочувство до семејствата на загинатите и повредените во овој неверојатно трагичен настан кој се случи двапати за краток …

Continue Reading

Во Охрид трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација

Креирањето еднакво и праведно општество е од суштинска важност за позитивен развој на локалните заедници и државата во целост. Само преку заедничка соработка и единство можеме да дадеме придонес во борбата против сите облици на дискриминација. Тоа го истакна градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, пред учесниците на денешната Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во Општина Охрид. …

Continue Reading

Адмирал Џузепе Каво Драгоне во Скопје, се продлабочува воената соработка меѓу Македонија и Италија

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне, денеска престојуваше во официјална посета на Армијата на Република Македонија и Министерството за одбрана. Адмиралот Драгоне, по пречекот со високи воени почести, оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, на која присуствуваше и амбасадорот на …

Continue Reading

Во Смилево одбележани 120 години од одржувањето на Смилевскиот Конгрес

Општина Демир Хисар пригодно го одбележа големиот јубилеј, 120 години од одржувањето на Смилевскиот Конгрес. Делегација на општината предводена од градоначалникот Никола Најдовски и претставници на јавниот живот од Демир Хисар, во славно Смилево положија цвеќе пред спомен костурницата на великанот Даме Груев и на славните Смилевци, Илинденци, со што се одбележа големиот историски настан, Смилевскиот конгрес. -Историските датуми, значајни …

Continue Reading

Продолжува неизвесноста околу покачувањето на платите на здравствените работници, реагираат синдикатите

Продолжува неизвесноста околу покачувањето на платите на здравствените работници, а сѐ уште не е потпишан и анексот на колективниот договор, со кој треба да се реализира покачувањето, неизвесно е како ќе биде исплатена априлската плата, реагираа на денешната прес-конференција, Љубиша Каранфиловски, претседател на Синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и Предраг Серафимовски, претседател на Синдикат на Клинички. Синдикалните претставници …

Continue Reading

Абазовиќ: Резултатите покажуваат дека Црна Гора не е пред банкрот

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ изјави дека Владата минатата година има спектакуларен резултат над сите очекувања. Владата работеше во шеста брзина сите 365 дена, истакна Абазовиќ на презентацијата на постигнатите владини резултати минатата година. Тој истакна дека резултатите покажуваат дека не станува збор за банкрот на државата. – Бруто домашниот производ (БДП) во Црна Гора во 2022 година изнесуваше …

Continue Reading