Реакција од Министерството за здравство на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за здравство остро реагира на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ преку кое партијата шири несигурност и паника меѓу граѓаните како и меѓу здравствените работници. Министерството за здравство и сите здравствени институции навремено и професионално одговорија на појавувањето на треската. Секојдневно транспарентно ја информираме јавноста за состојбата со пациентите и за изолираните контакти кои се под лекарски надзор. Лага е дека надлежните …

Continue Reading

Османи – Нарбаева: ОБСЕ работи на зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност

Со средбата со претседателката на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева, претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи ја почна посетата на Централна Азија. Во фокус на средбата Османи – Нарбаева, како што соопшти МНР, беше улогата на Сенатот во напорите за зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност, што воедно е и еден од …

Continue Reading

ССК потпиша Меморандум за соработка со Meѓународниот центар за трговија

Решавање на техничките бариери во трговијата, усогласеност со синџирот на снабдување, следливоста и транспарентност на синџирите на снабдување со фокус на „деризикување на синџирот на снабдување“, се клучните цели на Меморандумот за соработка што го потпишаа Сојузот на стопански комори (ССК) и Meѓународниот центар за трговија (ITC). Како што информира ССК, ITC активно развива систем фокусиран на вештачка интелигенција наречен …

Continue Reading

Приведен криумчар од Студеничани, пронајдени десет мигранти од Сирија

Полицијата од ОВР Неготино вчера во 20 часот пред влез во Неготино, на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, го лишила од слобода дваесетгодишниот О.Р. од скопското село Студеничани, осомничен за кривично дело „криумчарење мигранти“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, околу 15.15 часот на автопатот А1, на делницата Демир Капија – Неготино, во близина на место викано Острово, …

Continue Reading

Мустафа: На Косово ќе му треба многу време за да ја врати довербата на САД и ЕУ

Поранешниот косовски премиер, Иса Мустафа смета дека Косово, предводено од актуелниот претседател на Владата, Албин Курти, „треба да го смени односот кон самото себе, па дури потоа да очекува другите да го сменат односот кон него“, јави дописникот на МИА од Приштина. Мустафа вели дека е скептичен оти писмото кое неколку десетици западноевропски политичари деновиве го упатија до САД, Европската …

Continue Reading

Без вода дел од корисниците во Гази Баба

Корисниците од улиците „520“, „512“ и „515“ во населба Ќерамидница во општина Гази Баба од 9.45 часот утрово немаат вода. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на приклучна водоводна цевка на ул. „520“ бр. 15 и ќе трае до неговото отстранување.

Continue Reading

СП ракометари до 19 години: Унгарија следен противник на македонската репрезентација

Македонската ракометна репрезентација утревечер ќе игра со Унгарија во полуфиналето од сегментот за пласман од 9 – 12. место на Светското првенство за играчи до 19 години. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ, иако не успеаја да влезат во четвртфиналето, покажаа дека имаат потенцијал да се „носат“ со најдобрите селекции на светот. Во групната фаза на Мундијалот во Хрватска, Македонците загубија …

Continue Reading

Блинкен телефонски разговараше со бугарската министерка Габриел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен остварил телефонски разговор со бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел и и честитал за назначувањето на оваа функција, објави американскиот Стејт департмент на својата веб-страница. Двајцата вчера разговарале за потребата од континуирана безбедносна помош за Украина од сојузниците и партнерите, како и за тековните напори за диверзификација на изворите на енергија кон почисти, побезбедни …

Continue Reading

Рокот за аплицирање за студентски оброк истекува утре

Рокот за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, за тековните студенти, истекува утре. Пријавувањето е преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ Како што информираше Министерството за образование и наука во објавениот конкурс, по завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде што ја поднеле својата апликација. …

Continue Reading