Србија: Во пресрет на новиот протест, Брнабиќ ги обвини „странски служби“

Српската премиерка Ана Брнабиќ и порача на опозицијата денеска, на денот кога е најавен третиот протест „Србија против насилството“, дека нема да има „технички влади“ и промена на власта на улица, ниту „насилно затворање“ медиуми во Србија, а за бранот протести во земјата вели дека се вмешани „странски служби“. Брнабиќ на собраниската расправа за безбедносната состојба по двете масовни убиства …

Continue Reading

САД воведуваат санкции за повеќе од 70 компании и организации што ја поддржуваат Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска додаде уште 71 компанија и организација на црната трговска листа на САД, поради поддршка на Русија. Мерките што ги презема Министерството за трговија во Вашингтон се насочени кон компании и организации што ја поддржуваат руската војска. Новите ограничувања се насочени кон 69 деловни организации поврзани со Русија, како и по една од Ерменија …

Continue Reading

ОН: Милијарда луѓе се изложени на ризик од колера

Колерата им се заканува на милијарда луѓе во 43 земји, предупредија денеска Обединетите нации. „Пандемијата ги убива сиромашните пред наши очи и точно знаеме како да ја спречиме, но потребна ни е поголема поддршка и посветеност од меѓународната заедница бидејќи, ако не дејствуваме веднаш, ситуацијата ќе се влоши“, рече Џером Пфафман Замбруни шеф на оддел на УНИЦЕФ за справуавње со …

Continue Reading

Ердоган: Засега не можеме позитивно да гледаме на членството на Шведска во НАТО

Засега не можеме позитивно да гледаме на членството на Шведска во НАТО, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за Си-Ен-Ен. Турција, која ја има втората по големина армија во НАТО, го блокираше членството на Стокхолм во Алијансата, обвинувајќи го дека дава засолниште на борци од забранетата Курдиска работничка партија (ПКК). – Сè додека шведските власти продолжуваат да дозволуваат …

Continue Reading

Русија го прогласи Гринпис за „непожелна организација“

Русија го прогласи еколошкото движење „Гринпис“ за „непожелна организација“ и ги забрани неговите активности во државата. Во соопштението на рускиот државен обвинител се вели дека движењето Гринпис се обидело да „се меша во внатрешните работи на државата“ и дека „нивните активисти се впуштаат во антируска пропаганда и повикуваат на дополнителна изолација на државата“, повикувајќи на санкции против Москва . Москва …

Continue Reading

Ѓуровиќ го предаде претседателството на ПС на ПСЈИЕ на Џафери

Во рамките на 10. пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува вчера и денеска во Будва, Црна Гора, претседателот на Собранието на Република  Македонија, Талат Џафери, имаше средба со претседателката на Собранието на Црна Гора, Данијела Ѓуровиќ. На средбата, се изврши протоколарното примо-предавање на претседавањето со Парламентарното собрание на Процесот за соработка …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски доколку има двотретинско мнозинство нека ги поднесе предлог уставните измени до Собранието

Димитар Ковачевски веднаш, уште денес да ги достави предлог за уставни измени во Собранието на Македонија, за да се соочи со фактот дека нема двотретинско мнозинство. И кога нема да поминат овие уставни измени, кукавицата Димитар Ковачевски  да си поднесе неотповиклива оставка. Тоа што кажува дека нема да си поднесе оставка доколку не поминат уставните измени покажува дека тој е …

Continue Reading

Според Полска, Кина треба да изврши притисок врз Русија да ја запре војната во Украина

Полска ја повика Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре војната во Украина, соопшти денеска полското Министерство за надворешни работи по состанокот на двајца високи претставници во Варшава. Специјалниот претставник на Кина за  евроазиски прашања, Ли Хуи, оваа недела е на турнеја низ Европа, во рамки на која во вторникот и средата престојуваше во Киев, каде што разговараше …

Continue Reading

Владата ги усвои стратегиите за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам 2023-2027 година

Владата на Република Македонија на 154-та седница, одржана на 16 мај 2023 година, ги разгледа и усвои Национални стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам пропратени со Акциски планови, 2023 – 2027 година. Координацијата за изработката на стратешките документи беше водена од страна на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борбата против тероризмот. Имајќи во …

Continue Reading