Ѓуровиќ го предаде претседателството на ПС на ПСЈИЕ на Џафери

gjurovikj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на 10. пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа што се одржува вчера и денеска во Будва, Црна Гора, претседателот на Собранието на Република  Македонија, Талат Џафери, имаше средба со претседателката на Собранието на Црна Гора, Данијела Ѓуровиќ. На средбата, се изврши протоколарното примо-предавање на претседавањето со Парламентарното собрание на Процесот за соработка на Југоисточна Европа од досегашниот претседавач, Подгорица, на Скопје, известуваат од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.







Во изјава за медиумите по примопредавањето, Џафери даде кратко резиме за приоритетите на кои ќе се фокусираме како земја за време на претседавањето со ПС на ПСЈИЕ и рече дека ова пред сѐ претставува огромна чест, одговорност но и голем предизвик.

– Во однос на нашите идни чекори, можам да потврдам дека ќе продолжиме да работиме во насока на тоа да овој регион прерасне во регион на мир, сигурност, стабилност и соработка преку целосна интеграција во европските и евроатланските структури, рече Џафери.

Сите ние имаме заедничка одговорност, додаде тој, да придонесуваме за зачувување на мирот во Европа и градење на демократски, безбеден и просперитетен континент.

– Силниот и обединет глас денес е позначаен од кога било, затоа што бруталната руска агресивна војна против Украина бара моќен и јасен сигнал за стратешка насока, истакна претседателот на Собранието.

Исто така додаде дека ќе се посвети поголемо внимание на регионалната соработка која помага да се зајакнат врските меѓу луѓето во насока на продлабочување на економската соработка.

– Ние мора да се фокусираме на поддржувањето на соработката меѓу агенциите за странски директни инвестиции во насока на промоција на клучните добра и вредности во регионот. Добрите економски односи мора да бидат придружувани со добри политички односи, затоа што само на тој начин просперитетот на нашиот регион ќе стане реалност, посочи Џафери.

Во текот на средбата,  помеѓу двајцата собраниски претседатели разговарано е за функционирањето, активностите и предизвиците со кои се соочуваше Подгорица за време на претседавањето, како и за тие кои се очекуваат на патот на Скопје. Претседателката Ѓуровиќ му посака искрен успех на претседателот Џафери и заеднички потврдија дека Собранијата ќе имаат взаемно отворени врати за каква и да е потребна помош а во насока на успешно водење на Процесот во полза на Регионот на ЈИЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK