Петровска на средба со министрите за одбрана на САД – Јадранската повелба: Земјите од А5 имаат капацитет да дадат силен придонес кон глобалната безбедност

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска, во делегацијата на Северна Македонија во НАТО, имаше работен ручек со своите колеги – министрите за одбрана на земјите-членки на САД – Јадранската Повелба од регионот, како и со Селесте Валандер, помошник секретар за одбрана на САД за меѓународни безбедносни прашања, како претставник на САД. Средбата ја отвори Петровска која порача дека Северна Македонија, …

Continue Reading

Спасовски: Безбедносната состојба на територијата на СВР Охрид мирна, намален криминал, сообраќајни незгоди и прекршоци

Безбедносната состојба на територијата на Секторот за внатрешни работи Охрид е генерално мирна, стабилна и без елементи на нарушување. Криминалот во изминатите пет месеци е намален за 22 проценти во однос на истиот период лани, информира денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по средбата со раководството на СВР Охрид и Одделението за внатрешни работи во Струга во рамките на …

Continue Reading

Се заокружува програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“, утре ќе се знаат најдобрите

Богатата програма на МТФ „Војдан Чернодрински“ се заокружува со денешниот фестивалски ден. Претпладнето, во киното „Мис Стон“ се одржа уште една претстава од работилницата на фестивалот насловена „Чернодрински за деца“. Се претставија учениците од прилепското основно училиште „Кочо Рацин“ кои работеа со наставникот Габриела Стојаноска-Станоеска. Во центарот за култура „Марко Цепенков“  се одржаа разговорите на тркалезната маса за двете синоќешни …

Continue Reading

Заврши изградбата на системот за водоснабдување за осум села во Карбинци

Заврши изградбата на цевководот, Филтер станицата и пристапниот пат во Општина Карбинци, со што вода за пиење се обезбедува за жителите на осум села во оваа општина од Хидросистемот „Злетовица“. По тој повод министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска беше во посета на Карбинци. Тој  посочи дека оваа значајна инвестиција е вредна 165 милиони денари, финансирана со …

Continue Reading

Брнабиќ: Нема да предложам смена на министерот Братислав Гашиќ

Нема да предложам разрешување на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, тој нема лична одговорност за трагедиите што се случија, работеше сериозно и одговорно, полицијата постапи ефикасно и брзо по злосторството, изјави денеска премиерката Ана Брнабиќ во српското Собрание за време на расправата за предлогот за гласање недоверба на министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, поднесен од група пратеници од …

Continue Reading

ЕП го повикаа НАТО да го отвори патот за членство на Украина

Членовите на Европскиот парламент (ЕП) денеска го повикаа НАТО да и испрати покана на Украина за членство и дадоа поддршка за отворање на пристапните преговори со Европската унија оваа година. -Во резолуцијата која беше усвоена со 425 гласа „за“, 38 „против“ и 42 воздржани, се изразува очекување дека пристапниот процес за членство во НАТО ќе започне веднаш кога ќе заврши …

Continue Reading

Шекеринска: За да биде витален Преспанскиот договор, потребен е ЕУ-контекст

За поместување од статус-кво состојбите секогаш се потребни вистински политичари кои сакаат да пронајдат решение и во таа смисла големата лекција што се извлече од Преспанскиот Договор е дека не избираме политичари да служат како скапи огледала, туку политичари кои треба да гледаат во иднината, порача поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на обраќањето на панелот „Научени лекции и просперитет“ …

Continue Reading

Мицкоски: Нашиот став е јасен за измените на Уставот, наводна промена на ставот е спинување

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека јасно го кажал ставот на лидерската средба со премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски минатата среда – „Уставот да се отвори одложено т.е. откако Македонија ќе биде членка на Европската Унија“. -Кога ќе стане членка на тоа големо семејство, тогаш Бугарите ќе бидат добредојдени во Преамбулата на Уставот… Ако тоа трае три …

Continue Reading

Пораз за македонските одбојкарки на гостувањето во Летонија

Македонската женска одбојкарска репрезентација попладнево загуби од Летонија на гостински терен со 3:0, по сетови 25:19, 25:17 и 31:29. За „црвено-жолтите“ ова беше петти пораз во исто толку натпревари во Европската Сребрена лига. Во вториот натпревар од 5. коло вечерва играат Австрија и Естонија. Естонија е прва на табелата со 12 бода, Австрија има 9, Летонија 6, Македонија е последна …

Continue Reading