Прифатен текстот на Спогодбата помеѓу ЕК и Македонија за Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Србија

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за потпишување Спогодба за финансирање помеѓу Европската комисија и Република  Македонија за ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка на  Македонија и Србија 2021-2027 година, усвоена од ЕК на 03.06.2022 година и го прифати усогласениот текст на Спогодбата. Како што информира владината прес-служба, вицерпемиерот за европски прашања и Национален ИПА координатор, Бојан …

Continue Reading

Курти тврди дека косовските полицајци се киднапирани и оти Србија извршила агресија

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека тројцата уапсени косовски полицајци се „киднапирани“ и дека на 14 јуни, како што тврди тој, Србија извршила „агресија“. Тој на прес-конференција заедно со министерката за надворешни работи Доника Гервала изјави дека Јетиш Јашари од Канцеларијата за врски на Косово во Србија ги посетил тројца полицајци, кои се во притвор во централна Србија. – …

Continue Reading

Пензиите ќе се исплаќаат од 27 јуни

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2023 година, пришто се задолжува Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, најдоцна до 26 јуни. Од владината прес-служба соопштија дека им се препорачува на деловните банки да обезбедат, пензионерите да може да располагаат …

Continue Reading

Државни претпријатија се вклучуваат во поддршка на Делчево и Крива Паланка за справување со последиците од поплавите

Државни претпријатија се вклучуваат во поддршка на општините Делчево и Крива Паланка за справување со последиците од поплавите, одлучи Владата на денешната седница. Владата со донесената одлука за постојната кризна состојба заради поплави на дел од територијата на Република Северна Македонија, односно на подрачјата на Општина Делчево и Општина Крива Паланка се вклучува во поддршката на општините во справувањето со …

Continue Reading

Прогласена кризна состојба во Општина Делчево

Прогласена кризна состојба во Општина Делчево, информираа од Општината. Оттаму велат дека одлуката е донесена на денешната седница на Владата, а причината за прогласувањето кризна состојба е заради поплави и справување со поплавите и последиците од нив. -Во Општина Делчево како последица од невремето настанаа оштетувања на патната инфраструктура и неколку поголеми свлечишта чијашто санација бара долгорочни решенија за кои …

Continue Reading

Богоев на средба со националните координатори за Отворен Балкан, Забрчанец и Исмајлоска Старова

Активностите кои ги спроведува Царинската управа во рамки на регионалната иницијатива Отворен Балкан, особено за актуелните инфраструктурни зафати на граничниот премин Табановце кои се преземаат координирано со Владата, и во моментов се во завршна фаза, беа тема на дискусија на денешната средба на директорот на Царинска управа Стефан Богоев со националните координатори за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец и Нола Исмајлоска …

Continue Reading

Ќучук побара одложување на гласањето на извештајот за Македонија во Европскиот парламент

Известувачот во Европскиот парламент за Македонија Илхан Ќучук, побара официјално одложување на гласањето за извештајот во ЕП, што беше закажано за крајот на јуни, соопштија од прес-службата на Ќучук. -Убеден сум дека претстојниот период пред гласањето на извештајот ќе биде сериозен тест за политичката елита во Северна Македонија и ќе ја измери подготвеноста на земјата да продолжи по патот на …

Continue Reading

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата расправаше за кандидатката Кети Петкова за советник во ЈО

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата продолжи денеска со расправата за избор на Кети Петкова, адвокат од Гевгелија, која претходно работела во Специјалното јавно обвинителство, за нов член на Советот на јавни обвинители. Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ по однос на оваа точка во долго обраќање се осврна на целокупната состојба и актуелните случувања во правосудството. Според Јадранка …

Continue Reading

Дел од општина Гази Баба утре без вода

Корисниците од улицата „Перо Наков“,  на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до „МЗТ“, во општина Гази Баба утре од 9:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е дефект на затворач од 250 милиметри на улицата „Перо Наков“ бб, во близина на „МЗТ“, а корисниците ќе бидат …

Continue Reading