Гудачкото трио „Инвентио“ вечерва во „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“

Годинашното фестивалско издание „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, овојпат со концертот на италијанското трио „Инвентио“, со уметничките Јулиа Беринскаја и Валентина Данелон на виолина и Ана Серова на виола. Јулија Беринскаја е родена во уметничко и музичко семејство, нејзиниот раскошен талент е откриен на рана возраст од нејзиниот татко Сереј Берински, кој е еден од најзначајните композитори …

Continue Reading

Димитриевски учествуваше на Форум за развој на политики во Тирана организиран од ИРИ

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, викендов учествуваше на Форумот за развој на политики „Карпестиот пат на демократизацијата на Балканот“ во Тирана, Албанија на покана и во организација на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), информираа од општина Куманово. Во соопштението се наведува дека на форумот се разговарало за актуелните состојби и за предизвиците со кои се соочува регионот. Во Тирана учествувале …

Continue Reading

Премиера на краткометражниот филм „Досие иднина“ вечер на „Синедејс“

Дебитантскиот краткометражен филм „Досие иднина“ во режија на Гоце Трајковски вечерва премиерно ќе биде прикажан на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Главните улоги ги толкуваат: Ана Стојановска, Ебру Мусли и Береда Решит. Сценариото е на Гоце Трајковски и Никола Кузелов, кинематограф е Душан Кардалевски, монтажер Михаил Димитров, сценограф Сашо Блажевски, а костимите се на Роза Трајчевска. Во …

Continue Reading

Умeтничка поставка со 1.000 голи луѓе во Финска

Речиси илјада луѓе се собраа во саботата на улиците и плажите на Куопио, Финска, за да му позираат голи на американскиот фотограф Спенсер Туник. – Денес земјата на 1.000 езера стана земја на 1.000 голи луѓе. Учесниците-нудисти прво позираа на улица, со цветни поставки, а потоа на плажа и во вода. Сакав да го доведам телото во хармонија со Куопио …

Continue Reading

Казнети 426 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден санкционирани се 426 возачи. Од МВР денеска соопштија дека од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над …

Continue Reading

Второ авионско прскање против комарци утре во Куманово

На подрачјето на општина Куманово, утре во раните утрински часови, ќе биде извршено второто авионско прскање против комарци, информираа денеска од општината и ги повикаа пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај да не се изврши третманот, поради неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за нареден ден, за што кумановци дополнително ќе бидат информирани. -Се …

Continue Reading

Дел од Сопиште без вода

Без вода денеска од 9:45 часот се дел од жителите на Сопиште, лоцирани на улиците „10“, „12“, „14“ и „16“. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на приклучна цевка на улица „12“ крак 2 во Сопиште. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Continue Reading

Бреинстер Некст колеџ им помага на средношколците да ги подобрат математичките вештини со бесплатниот курс Математика во „Пајтон“

Курсот е единствен од ваков тип кај нас, содржи повеќе од 13 часа снимен материјал- 124 видеолекции на македонски јазик и чини 700 евра, но корисниците го добиваат бесплатно. Првиот акредитиран практичен ИТ-факултет кај нас, Бреинстер Некст колеџ, бесплатно го нуди онлајн курсот Математика во „Пајтон“ за да ги поттикне учениците да ја искористат моќта на програмирањето при справувањето со …

Continue Reading

Герапетритис со поддршка на ЕУ перспективата на Македонија и земјите од регионот

Поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и на Македонија, ја изрази министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретно за нашата земја, Герапетритис рече дека Грција има „цврста волја за интеграција на Северна Македонија во ЕУ, во рамките на верното и доследно спроведување …

Continue Reading