Христодулидис: Сегашното статус кво не може да биде иднината на Кипар

Сегашната состојба на работите, сегашното неприфатливо статус кво не може да биде иднината на нашата земја, порача кипарскиот претседател Никос Христодулидис по повод 49-годишнината од турската инвазија на Кипар и истакна дека токму затоа веќе преземаат иницијативи за одново започнување на разговорите, кои беа прекинати во 2017 година, јави дописничката на МИА од Атина. -Четириесет и девет години по варварската …

Continue Reading

Отворен филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран

Со српскиот филм „Летото кога научив да летам“ на Радивоје Андриќ се отвори неофицијалната програма на фестивалот на медитеранскиот и балканскиот филм „Преку езерото“ во Дојран. Како дел од првата фестивалска вечер, актерката Елена Трајковска имаше кратко едукативно шоу за децата за филмот како медиум, a најмалите уживаа и во детска анимирана фестивалска програма. Специјалната програма на „Преку езерото“ оваа …

Continue Reading

Ампева: „Гласен Текстилец“ има пријави за работа на градежни работници и бремени жени за време на топлотниот бран

Здружението „Гласен Текстилец“ изминатите денови имале пријави од страна на работници но и граѓани за непочитување на мерките и препракките на Владата за работниците за време на топлотниот бран. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ за МИА вели дека пријави им пристигнале од Штип, Скопје и Свети Николе. -Од Скопје и Штип имаше пријави за градежни работници, работници од јавни претпријатија …

Continue Reading

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот урбанистички план на Водно

Советот на Општина Центар на 26-та седница донесе одлука за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022. Советниците, како што е наведено во соопштението од Општина Центар, ја изгласаа оваа точка со цел да се заштити планината Водно од понатамошна експлоатација и евентуални злоупотреби. Законот …

Continue Reading

ТАВ Македонија со 41 отсто повеќе патници во првата половина од годинава

Преку Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле Охрид во првата половина од годинава се превезени 1 338 406 патници што претставува годишен пораст од 41 процент, соопшти денеска концесионерот на аеродромите ТАВ Македонија. Споредено со 2019 година, која што се смета за референтна година во авијацијата, бидејќи беше најсилната година од аспект на патнички сообраќај пред да се …

Continue Reading

Каевски: Врв на срамот е тоа што Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа Законот за македонски јазик

Пратениците на ДПМНЕ и Левица не гласаа во Собранието за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик. ДПМНЕ и Левица покажаа негрижа и непочитување за македонскиот јазик, како столб на македонскиот идентитет. Врв на срамот за една партија е да не поддржи ниту една одлука за македонскиот јазик. Мицкоски треба да излезе пред граѓаните, пред македонската јавност, да се извини …

Continue Reading

Лога очекува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Левица за Законот за матична евиденција

Министерот за правда Кренар Лога изјави дека очекува Уставниот суд да ја отфрли иницијативата од политичката партија Левица за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција предложен од Министерството за правда, со кој се предвидува националноста да се запише во матичните книги на родените, венчаните и на умрените. -Очекувам дека мериторно Уставниот суд ќе ја отфрли иницијативата на Левица …

Continue Reading

„Рома Труба Фест“ на градскиот плоштад во Куманово

Кумановци вечерва и утре ќе уживаат во звуците на трубата на 18-тиот по ред фестивал „Рома Труба Фест“, во организација на ансамблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шаќир“. Дводневниот фестивал ќе почне вечерва на градскиот плоштад во Куманово. – Интензивно се подготвуваме, бината е веќе наместена, се средуваат последните детали за почеток на 18-тото издание на фестивалот. Секоја …

Continue Reading

Турција ги продолжува контактите за „коридорот за жито“ со ОН, Русија и Украина

Турција ги продолжува контактите со претставниците на Обединетите нации, Русија и Украина за продолжување на „договорот за жито“ што истече на 17 јули и беше раскинат од руска страна, соопшти турското Министерство за одбрана, додавајќи дека рускиот персонал го напуштил Заедничкиот координативен центар во Истанбул, јави агенцијата Анадолија. – Се надеваме дека оваа иницијатива, која даде голем придонес во стабилизацијата …

Continue Reading