Владата треба да расправа за концесиите на рудникот Иловица
-
деск
-
July 25, 2023
-
Власт
-
0 Comments
Владата денеска на седница се очекува да расправа за концесијата за рудниците Иловица-Штука, а министерот за економија Крешник Бектеши да реферира за сите правни постапки што се преземени за овие рудници почнувајќи од 2012 година. Од владината прес-служба во 14 часот најавија и прес-конференција на министерот Бектеши без дополнителни детали. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера потврди дека Владата …
Continue Reading
Питер Фејт: САД го губат трпението со Приштина
-
деск
-
July 25, 2023
-
Балкан, Свет
-
0 Comments
Поранешниот специјален претставник на Европската унија за Косово, Питер Фејт изјави дека САД го губат трпението со Приштина, а дека тамошните власти најмногу ќе изгубат од немањето напредок во дијалогот со Белград. „САД го губат трпението со Косово бидејќи не постигнува доволно напредок. Гледам дека САД имаат критички однос кон Владата на Косово и тоа е без преседан. Се чини …
Continue Reading
Без вода дел од неколку улици во Општина Центар
-
деск
-
July 25, 2023
-
Општини, Скопје
-
0 Comments
Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од улиците „Борка Талески“, „Рајко Жинзифов“, „Апостол Гусларот“ и дел од ул. „Стефан Јакимов Дедов“ во Општина Центар. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот со водоснабдувањето е поради водоводен приклучок ф-80 мм на ул. „Стефан Јакимов Дедов“ бр.18, а ќе биде од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Continue Reading
На денешен ден
-
деск
-
July 25, 2023
-
Информации, На денешен ден
-
0 Comments
1712.- Војската на швајцарските протестантски кантони во битката кај Вилмерген ја победиле армијата на римокатоличките кантони, со што во Швајцарија завршиле верските војни. 1883.- Во Торино е роден Алфредо Казела, италијански композитор, пијанист, диригент и музички писател. Умрел во Рим, на 5 март 1947 година. 1834.- Умрел англискиот писател и мислител Семјуел Тејлор Колриџ, еден од најзначајните англиски …
Continue Reading
Од верските календари
ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јули. Денеска е Св. маченици Прокло и Илариј. Во времето на римскиот император Трајан, свети Прокло беше осуден на смрт поради непочитување на јазичничките богови. Инаку, тој потекнуваше од селото Калипта, што се наоѓало близу денешна Анкара. Додека Прокло го водеа на губилиште напред истрча она момче …
Continue Reading
Сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец
Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 42 степена. UV=10 Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната …
Continue Reading
Астрономски календар
Денеска е вторник, 25 јули 2023 година, 206-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 159 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 20 минути, а ќе зајде во 20 часот. Денов трае 14 часа и 40 минута. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во 12 часот и 39 минути, а ќе зајде …
Continue Reading
Во Прилеп одбележани 66 години од смртта на Методија Андонов – Ченто
-
деск
-
July 24, 2023
-
Општини
-
0 Comments
Со положување цвеќе пред споменикот во центарот на Прилеп, делегации од градот оддадоа почит и ја оддбележаа 66-годишнината од смртта на Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ. Пред споменикот се поклонија делегација на Општината предводена од градоначалникот Борче Јовчески, делегации на политичките партии и граѓани. – Долго време по неговата смрт, Ченто бил табу тема и ретко бил …
Continue Reading
Киев: Во контраофанзивата, Украина досега ослободи 227 квадратни километри од руска окупација
-
деск
-
July 24, 2023
-
Свет
-
0 Comments
Украинските војници, во неколкунеделната контраофанзива, ослободија 227 квадратни километри земја заземена од Русија, изјави заменик-министерката за одбрана Хана Малиар. Таа рече дека силите на Киев вратиле 192 квадратни километри територија на јужните делови на фронтот. Од нив, 12 квадратни километри беа ослободени во текот на минатата недела. Во делот околу градот Бахмут, кој сега е под контрола на руските сили, …
Continue Reading