Од верските календари

crkva verski kalendar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ







Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 12 јули.

Денеска е Св. маченици Прокло и Илариј.

Во времето на римскиот император Трајан, свети Прокло беше осуден на смрт поради непочитување на јазичничките богови. Инаку, тој потекнуваше од селото Калипта, што се наоѓало близу денешна Анкара. Додека Прокло го водеа на губилиште напред истрча она момче Илариј и извика дека и тој е христијанин. Така тој во вечноста го врза своето име за името на свети Прокло. Прокло беше погубен уште истиот ден, а по три дена и Илариј беше обезглавен.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Јаков.

Роден е во Бетсаид. Бил брат на Иван Апостол. Во 42 година, кралот Херод наредил да го убијат свети Јаков. За неговата смрт, се говори во Светото писмо. Во негова чест во Компостело, во Шпанија е изградена црква во која секоја година стотици илјади луѓе се молат за разни животни потреби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK