Киев: Русија го изврши шестиот воздушен напад врз Киев овој месец
-
деск
-
July 25, 2023
-
Свет
-
0 Comments
Русија денеска го изврши шестиот воздушен напад врз Киев овој месец, објави воената управа на главниот град на Украина, додека алармот за нападот се огласи пред повеќе од три часа. Русија го нападна главниот град на Украина со беспилотни летала од иранско производство. Според прелиминарните информации, сите летала биле соборени од украинската ПВО, објави на Телеграм Серхи Попко, шеф на …
Continue Reading
Во пожарите во Алжир загинаа најмалку 25 луѓе
-
деск
-
July 25, 2023
-
Свет
-
0 Comments
Во шумските пожари што го зафатија Алжир загинаа 25 лица, вклучително и 10 војници, кои се обидуваа да го стават огнот под контрола. Алжирското Министерство за внатрешни работи соопшти дека најмалку 1.500 луѓе се евакуирани, а 24 се повредени. Во Алжир регистрирани се 97 пожари во 16 провинции. Во гаснењето учествуваат околу 7.500 пожарникари, кои имаат и поддршка од воздух.
Continue Reading
УЈП ќе информира за новиот Колективен договор и зголемувањето на платите на вработените
-
деск
-
July 25, 2023
-
Вести, Македонија
-
0 Comments
Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска, лиценцираниот помирувач и арбитер во работни спорови Илија Манасиев и претседателот на синдикалната организација на УЈП „Солидарност“ Васе Недановски денеска ќе информираат за завршувањето на процесот на помирување и новиот Колективен договор на УЈП, по протестите на вработените кои бараа повисоки плати за 30 проценти. Директорката на Управата за јавни приходи …
Continue Reading
ИЗИИС ќе одбележи 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
деск
-
July 25, 2023
-
Скопје
-
0 Comments
Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) во пресрет на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје што се одбележуваат утре, денеска ќе има завршен од серијата настани по повод годишнината. Од 26 април Институтот организираше повеќе едукативни работилници за деца и млади, отворени денови и научни средби. -На ден пред датумот кој ќе означи 60 години од скопскиот …
Continue Reading
Свечени изјави на Димовска и Георгиев, членови на Судскиот совет и на Жупаноска, член на Советот на јавните обвинители
-
деск
-
July 25, 2023
-
Вести, Македонија
-
0 Comments
Антоанета Димовска и Наке Георгиев, членови на Судскиот совет на Република Македонија, денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери. Во собраниската Охридска сала, како што е најавено, свечена изјава пред пред спикерот Талат Џафери, ќе даде и Светлана Жупаноска, член на Советот на јавните обвинители на Република Македонија.
Continue Reading
„Над кулисите“, изложба на уметнички фотографии на Александар Томовски во предворјето на црквата „Света Софија“
-
деск
-
July 25, 2023
-
Култура
-
0 Comments
Во предворјето на црквата „Света Софија“ во Охрид вечер Александар Томовски, ќе ја отвори својата изложба на уметнички фотографии „Над кулисите“. Изложбата, што е наменски направена за Охридско лето, се состои од 12 фотографии инспирирани од балетската игра, кои ќе бидат изложени само вечерта.
Continue Reading
Изложба на фотографии од некогашното Еврејско маало во Скопје
-
деск
-
July 25, 2023
-
Култура
-
0 Comments
На платото пред Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, некогашно Еврејско маало, вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Последниот татнеж во Еврејското маало – фотографски факти низ објективот на Рафаел Алтарас“. Изложбата е организирана по повод одбележувањето 60 години од скопскиот земјотрес во Еврејското маало и 80 години од депортацијата на македонските Евреи. Се состои од …
Continue Reading
„Скопје во пет и седумнаесет“ – дводневна програма по повод 60 години од скопскиот земјотрес
-
деск
-
July 25, 2023
-
Култура, Скопје
-
0 Comments
Министерството за култура го организира проектот „Скопје во пет и седумнаесет“ по повод одбележувањето 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Програмата утре, на датумот од земјотресот, ќе се реализира на повеќе локации низ главниот град, а ќе почне вечер со концерт од 21 часот во паркот „Ибни Пајко“. На концертот ќе настапат Оркестарот на Здружението на џез-музичари и слободни …
Continue Reading
Комисиската расправа за утврдување на предлог за уставни измени почнува со непроменети ставови
-
деск
-
July 25, 2023
-
Вести, Македонија
-
0 Comments
Собраниската Комисија за уставни прашања во Собранието денеска ќе ја започне седницата број 1 со единствена точка на дневниот ред – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија. По усвојувањето на дневниот ред, се очекува предлогот во 30 минути да го образложи премиерот Димитар Ковачевски, по …
Continue Reading