Мицкоски: Ќе разговараме со повеќе партии за владина коалиција

Разговорите за коалиција ќе се водат во два правци, ние сакаме да разговараме со сите кои се дел од опозицијата за политиките и визијата која треба да се реализира, и ќе дадеме шанса на сите кои биле опозиција, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само интервју што се емитува на телевизија Канал 5. Мицкоски укажа дека …

Continue Reading

Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

Турбулентиот свет во кој живееме, каде промените се случуваат исклучително брзо е полн со предизвици, но и можности за компаниите и индивидуите.  На  настанот “Talks with Dr. Adizes – inspiration and insights” кој ќе се одржи на 20.05.2024 год. во Македонска Филхармонија (мала сала) од 15 до 17 часот,  Др. Исак Адижес ќе зборува што она што може да го …

Continue Reading

Мицкоски: Историски резултат за ВМРО-ДПМНЕ кој обврзува

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Само интервју на Канал 5 по вчерашните претседателски и парламентарни избори и убедливата двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека резултатот е историски, но и обврзувачки за новата влада на ВМРО-ДПМНЕ за реформирање и исполнување на ветените проекти. Истовремено очекувам до 28 мај да консолидирам како претседател на партијата 61 пратеник. …

Continue Reading

„Тиквеш“: Продолжува интензивната соработка со лозарите која гарантира висок квалитет и напредок на лозарството и винската индустрија

Преку интензивна континуирана комуникација и соработка, како и реализација на низа конкретни активности, винарската визба „Тиквеш“ продолжува да го унапредува и зајакнува стратешко партнерство со лозарите, со крајна цел  – натамошно подигнување на квалитетот на грозјето и виното, како и унапредување на целокупното лозарство во земјата. Во рамки на веќе воспоставената платформа за стратешката соработка со лозарите, денеска во „Тиквеш“ …

Continue Reading

„Мизар“ –  еден од бедемите на македонската музика, култура и национален идентитет, со концерт во Македонската Филхармонија

Македонската компанија ЕКОТИП, во соработка со ЧУВ-ДЕ-ЧУВ, ве покануваат на уникатен музички настан – концерт на култниот „Мизар“ и хорот „Хармосини“, што ќе се одржи на 12 мај во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот. Концертот на „Мизар“ е сѐ само не обичен музички настан, тоа е оживување на емоција чија музика и порака те будат како стрелба од …

Continue Reading

Најновите трендови во платежните и финансиските услуги на втората EPWN регионална конференција во Сараево на 13.05.2024

Постојаните технолошки иновации, дигиталните средства и сопствености, виртуелните светови и дигиталните пазари ја имаат клучната улога во обликувањето на нашата иднина, нудејќи истовремено бројни можности да создаваме одржлив и инклузивен свет со нови начини на интеракција, работење и развивање на заедницата,  свет во кој границите избледуваат и бариерите се рушат. Токму затоа Европската платформа која поврзува експерти и лидери во …

Continue Reading

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури …

Continue Reading

(ВИДЕО) Д-р. Ристо Сименов во „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: Пациентите ќе се лекуваат во Штип, Битола, Тетово… Не само во Скопје

Регионализација, укинување на партиципацијата за лекови од позитивната листа, укинување на партиципацијата за специјалистички и субспецијалистички прегледи, на болничката партиципација за пензионери, малолетни лица и за ранливите категории се клучните реформи што треба да се направат во македонскиот здравствен систем. Ова се согледувањата на детскиот хирург во приватното здравство и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Симеонов, искажани во поткастот …

Continue Reading

Нa компаниите им требаат предвидливи и пазарни услови за работење

Осигурителните компании кои се членки на Групацијата на осигурувањето, како и на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија се изненадени што Комисијата за автомобилска одговорност при Министерството за финансии донесе избрзана, непазарна и еднострана одлука без да ги земе во предвид аргументите на сите засегнати страни во осигурителната индустрија. Од Групација на осигурувањето при Комората сметаат дека Агенцијата за супервизија …

Continue Reading