Ексклузивен настан со Др. Исак Адижес во Скопје

adizes_23424242
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турбулентиот свет во кој живееме, каде промените се случуваат исклучително брзо е полн со предизвици, но и можности за компаниите и индивидуите.  На  настанот “Talks with Dr. Adizes – inspiration and insights” кој ќе се одржи на 20.05.2024 год. во Македонска Филхармонија (мала сала) од 15 до 17 часот,  Др. Исак Адижес ќе зборува што она што може да го преземат организациите за подобро функционирање во денешното опкружување. Една од клучните теми на дискусија ќе биде промената како константа, клучните нешта што лидерите треба да ги имаат на ум кога ги формираат своите тимови, и како постојаната посветеност кон знаење и работењето со пасија резултираат со успех.







Др. Исак Адижес е светски познат консултант, автор и академик, по потекло од Македонија. Со повеќе од 50 години искуство, неговата Адижес методологија за менаџмент е рангирана во ТОП 10 методологии во светот. Тој е консултант на голем број од најголемите компании во светот, вклучувајќи ги и Fortune 500 компаниите. Др. Адижес е автор на 27 книги преведени на 33 јазици, а неговите идеи и пристапи се применуваат во повеќе од 1000 организации низ светот.

Роден во Скопје, Македонија, Др. Адижес се преселил во Соединетите Американски Држави каде станал професор на неколку престижни универзитети, вклучувајќи ги UCLA и Stanford. Тој е добитник на награди и почести за неговиот придонес во областа на менаџментот и лидерството. Др. Адижес има богато искуство во ширење на своите идеи во повеќе од 50 земји и е често цитиран во публикации како The Wall Street Journal, Fortune и The New York Times.

Освен успешната консултантска кариера, Др. Адижес е основач на Adizes Institute, меѓународна консултантска фирма која им помага на организациите да ги постигнат нивните цели преку неговата методологија.Овој настан е вистинска можност за сите учесници да добијат можност за еден нов поглед за креирањето на стратегии и градењето на успешен бизнис, како и да остварат вредни конекции со останатите присутни.

Настанот е во организација на М6 Едукативен центар, а влезници може да се купат на веб страната на центарот или пак со регистрација на [email protected].

M6 Едукативен центар е официјален и единствен застапник на програмата Адижес Онлајн, во рамки на која преку персонализиран пристап компаниите и индивидуалците имаат пристап до повеќе од 300 часови дигитални лекции, видеа, литература, а имаат можност и за директни консултации со тимот на Адижес Институтот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK