Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено …

Continue Reading

Дарио Ивановски триумфираше на 21. Виз Ер Скопски маратон – рекордни над 14.000 учесници на скопските улици

Најдобриот македонски атлетичар првпат во својата кариера победи во престижната маратонска трка пред домашната публика Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски триумфираше во машка конкуренција на 21. издание на Виз Ер Скопски маратон 2025, со што првпат во својата кариера победи во престижната маратонска трка пред домашната публика. Ивановски, кој повеќепати претходно беше најдобар македонски маратонец во Скопје, годинава помина прв …

Continue Reading

ФЕРОИНВЕСТ СПОНЗОР НА МЕЃУНАРОДНИОТ НАТПРЕВАР ВО ЛАТИНО ТАНЦИ ВО СКОПЈЕ

ФЕРОИНВЕСТ беше спонзор на престижниот интернационален натпревар во латиноамерикански и стандардни танци, кој викендов се одржа во Скопје под покровителство на Светската федерација за спортски танц (World DanceSport Federation – WDSF). Настанот, во организација на танцовиот клуб „Ритам Плус“, собра натпреварувачи и судии од Македонија, Србија, Турција, Австрија, Грција, Словачка, Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Италија. Меѓународниот карактер и …

Continue Reading

КАМ одбележува 30 години јубилеј – успешна македонска приказна изградена со доверба и квалитет

КАМ, македонскиот број еден, годинава одбележува три децении јубилеј и влегува во ново поглавје од својата успешна македонска приказна заснована на квалитет и доверба. Пионер во многу сегменти во полето на малопродажбата, компанијата е позната по грижата за секој потрошувач и по тоа што ги донесе ниските цени на пазарот. – Годишнината не е само празнување на минатото, туку и …

Continue Reading

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

(26.09.2025 – 02.10.2025) Легенда: ИСДВ – измерена средно-дневна вредност ГВЕ – гранична вредност на емисии (Законски максимално дозволена вредност) *** Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2и …

Continue Reading

Ново партнерство за посилна економија: Стопанската комора и Економскиот институт потпишаа договор за соработка

Стопанската комора на Северна Македонија и Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје потпишаа договор за научна, техничка и апликативна соработка, со цел да се постигне подобра поврзаност помеѓу академијата и бизнис-секторот. Договорот предвидува активности насочени кон планирање, утврдување и развој на работна сила со високо образование во согласност со потребите на бизнисот, организирање обуки, семинари и …

Continue Reading

Привремен режим на сообраќај за време на одржувањето на 21. Виз Ер Скопски маратон

Поради претстојното 21. издание на Виз Ер Скопски маратон, што ќе се одржи на 05.10.2025 (недела), а на кој ќе учествуваат рекордни над 14.000 натпреварувачи од 58 земји, во недела ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град. Ова значи дека одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот …

Continue Reading

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди

На покана на Фондацијата IFRS Лондон, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) за првпат ја претставуваше Северна Македонија на глобалната конференција „Глобални поставувачи на стандарди“ (World Standard-setters Conference), организирана од страна на оваа реномирана глобална фондација. Конференцијата, која важи за најпрестижен светски настан посветен на меѓународните сметководствени стандарди, обедини повеќе од 130 делегати од 70 држави од Европа, Азија, …

Continue Reading

Македонија2025 и Џонсон Мети најавуваат Отворен повик за наставници по природни науки: обука, менторска поддршка и можност за учество на регионални саеми

Македонија2025, во рамки на Џонсон Мети Програмата за поддршка на заедницата„Науката и Јас“, го објавува новиот повик за предметни наставници по природни науки (природни науки, биологија, хемија, физика) од основните училишта во земјата. Повикот е отворен до 20 октомври 2025 година. Кој може да аплицира? Наставници приправници по природни науки од основните училишта Предметни наставници од основните училишта кои реализираат …

Continue Reading