Две жени починале откако заминале на пешачење во природа во парк во јужна Невада

– Двајца љубители на пешачење во природа починале викендов во државниот парк Долина на огнот во Невада во време кога сојузната држава е зафатена од прекумерни температури од над 45.5 степени Целзиусови, јавија синоќа дел од американските медиуми. Љубители на природата кои виделе како двете жени заминуваат на своето пешачење ги алармирале властите откако во саботата вечерта забележале дека тие …

Continue Reading

Македонските натпреварувачи утре стартуваат на Европскиот олимписки младински фестивал

– Македонските спортисти утре ќе го имаат својот премиерен настап на Европскиот олимписки младински фестивал, кој во неделата официјално беше отворен во Марибор. Македонската експедиција е составена од четворица натпреварувачи во џудо, атлетика, пливање и гимнастика, а знаменосец на свеченото отворање беше џудистот Никола Магдески. Атлетичарот Брајан Авија утре претпладне го очекува настап во дисциплината скок во далечина, а во квалификациите …

Continue Reading

Турскиот Парламент во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за НАТО

– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Парламентот во Анкара во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за членство во НАТО. – Кога парламентот ќе продолжи со работа (во октомври по летната пауза), ќе направиме сè што е потребно, а пратениците ќе го разгледаат барањето на Шведска. Конечната одлука е на пратениците, рече Ердоган во говор по …

Continue Reading

Напад на воената академија во Могадишу, најмалку 25 војници загинаа, 40 се ранети

– Најмалку 25 војници загинаа, а околу 40 се ранети денеска во напад на бомбаш самоубиец на воената академија во сомалискиот главен град Могадишу. Одговорноста за нападот ја презеде милитантната група Ал Шабаб, пренесува Блумберг. „Војниците стоеја во редот кога бомбашот самоубиец се разнесе“, изјави капетанот на сомалиската армија Али Фарах. Воената кампања што ја започнаа владините сили и сојузничките …

Continue Reading

Една жена загина во невреме во Монца

– Една жена загина во Монца, а најмалку три лица се повредени во Милано во силното невреме што денеска ја погодија северна Ломбардија, јави весникот „Кориере дела сера“. Во Лисоне (Монца) 58-годишна жена со мароканско потекло загинала додека одела на работа, кога врз неа паднал бор по силен налет на ветер. Полицајците во тој град спасиле 64-годишна жена која била …

Continue Reading

НБА: Кајл Андерсон доби кинеско државјанство

– Крилниот кошаркар на НБА лигашот Минесота, Кајл Андерсон, доби кинеско државјанство и ќе може да настапи за репрезентацијата на Кина на Светското првенство кое од 25 август до 10 септември ќе се одржи во Јапонија, Индонезија и Филипини. Андерсон е роден во Њујорк, а како што јавија денеска кинеските медиуми, државјанството го добил врз основа на кинеското потекло на …

Continue Reading

САД остро го осудија руското ракетирање на украинското пристаниште Рени на Дунав

– САД изразија остра осуда за „ескалаторските“ напади на Русија врз украинското пристаниште Рени на Дунав и уништувањето таму на склад со житарици. Од Стејт департментот соопштија дека Москва подготвува можни напади на бродови во Црното Море за да го обвини Киев за тоа. Украина го користи ова пристаниште како алтернатива за извоз на земјоделски производи и жито, а по …

Continue Reading

САД најавија казнени мерки против поединци во Камбоџа поради изборите

– САД најавија казнени мерки против поединци во Камбоџа затоа што сметаат дека изборите одржани во неделата „не биле слободни и фер“, а денеска партијата СПП, која владее со години, објави убедлива победа. Американскиот Стејт департмент соопшти дека „презел чекори“ за воведување визни ограничувања за „поединци кои ја поткопуваат демократијата“. Портпаролот на американската амбасада во Пном Пен, Мајкл Гринвалд, рече …

Continue Reading

Меџити: Со Касами и Гаши разговаравме за принципите на нашата соработка

–  Изет Меџити, кој излезе од ДУИ и најави дека ќе формира ново политичко движење, по денешната средба со лидерите на Беса и Алтернатива, Билал Касами и Африм Гаши, објави дека разговарале за принципите на нивната идна соработка за обединување на албанската опозиција. -Почитувани граѓани, истомисленици и соработници. Како што изјавивме претходно, силно ќе се ангажираме за обединување на гласот на …

Continue Reading